Без дипломатски речник - шефот на грчкото МНР со навреди кон Србија

Објавил: Мирко Бачиќ | 22 јули, 2018 12:44

Коѕијас тврди дека Договорот е спас од Србија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за надворешни работи на Грција – Никос Коѕија тешко дека ќе помине со “песна на увце” следниот пат кога ќе оствари средба со министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ.

Без пардон и дипломатски бон – тон шефот на грчкото МНР – Коѕијас – ги напаѓа сите кои мислат различно од него за Договорот со “државата која нема име” кој го именува како Договорот од Преспа. Прво ја обвини опозиционата ВМРО – ДПМНЕ дека се екстремни националисти кои шират говор на омраза и кои се продолжена рака на Русија кои со поддршка на влијателни олигарси со помош на монашките братства од Света Гора вршеле обиди за минирање на решението со името.

Новиот гаф на Коѕијас е упатен до Србија и властите во Белград со зборови кои тешко дека ќе останат премолчени:

“За одредени националисти во Белград кои за среќа се малцинство имам чувство дека тој договор става точка на нивните соништа регионот одново да биде ставен под нејзина хегемонија. Впрочем Србија е единствената држава во регионот што не го поздрави и поддржа договорот меѓу Скопје и Атина.”

Коѕијас заборава дека токму националистите на Александар Вучиќ и СНС се на власт во Србија иако претходно имаше тешки зборови кои ги упати директно до официјална Москва:

“Критериумите во нашата надворешна политика се диктирани од нашите национални интереси. Русија треба да сфати дека не може да не ги почитува националните интереси на друга држава само поради тоа што се чувствува посилна од неа. Такво однесување нема да прифатиме.”

Очигледно Коѕијас нема храброст да реагира само кога е во прашање Ердоган кој единствен на НАТО самитот инсистираше на официјалниот документ да се додаде фуснота дека Република Турција земјата на која и се реферира со ФИРОМ ја признава како Република Македонија.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.