Победи во вториот круг на претседателските избори на Франција на 7 мај 2017 година победувајќи ја кандидатката на Националниот фронт, Марин Ле Пен со голема разлика.

Објавил: Сара Фемина | 18 октомври, 2019 21:46

КОЈ Е ЕМАНУЕЛ МАКРОН, човекот кој и кажа НЕ на Македонија кон патот на Европската Унија?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Емануел Макрон кој се изјасни за НЕ за почеток на преговори на Македонија во Европската унија е француски политичар, јавен службеник и поранешен инвестициски банкар, избран за претседател на Француската Република на 7 мај 2017 година.

Студирал филозофија на универзитетот Париз Нантер, а во 2004 година дипломирал на Националната школа за администрација. Станал финансиски инспектор во Инспекторатот за финансии на Франција, а подоцна станал инвестициски банкар.

Бил член на Социјалистичката партија од 2006 до 2009 година и за време на првата влада на Франсоа Оланд, во 2012 година, бил назначен за заменик секретар пред да стане Министер за економија, индустрија и дигитални работи за време на втората влада на Мануел Валс, кога тој протуркал реформи наклонети за бизнисот.

Студирал филозофија на универзитетот Париз Нантер, а во 2004 година дипломирал на Националната школа за администрација.Францускиот претседател Емануел Макрон во младите години. 

Макрон дал оставка во август 2016 година за да поднесе социјал-либерална кандидатура на претседателските избори 2017. Во ноември 2016 година, Макрон објави дека на изборите ќе биде под знамето на „Напред!“ (En Marche!), движење кое тој го основа во април 2016 година. 

На патот кон претседателската функција Макрон влегува со голем ентузијазам. 
За време на изборите беа мобилизирани 50 000 полицајци, поддржани од 7.000 војници од антитерористичката операција “Сентинел” .

Францускиот претседател Емануел Макрон, заедно со својата сопруга Брижит Макрон.

Ова се првите избори во Франција, одржани под висок степен на опасност, имајќи ги во предвид терористичките напади на земјата.

Победи во вториот круг на претседателските избори на Франција на 7 мај 2017 година победувајќи ја кандидатката на Националниот фронт, Марин Ле Пен со голема разлика.

Со своите 39 години, тој е најмладиот претседател во француската историја и најмлад француски водач на држава после Наполеон.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Јас се обидувам да коментирам многу внимателно или подобро да не коментирам што се случува во Соединетите држави или во други земји.

ПУТИН ЗА АМЕРИКА: Нивните длабоки внатрешни кризи се забележуваат од победата на Трамп!

Рускиот претседател Владимир Путин за прв пат реагираше на масовните протести во Америка...

Горивото што се истури во рускиот дел на Арктичкиот круг стигна до езерото од кое реката тече северно кон океанот.

ПУТИН ЗБЕСНА! Еколошката катастрофа од Сибир станува светски проблем (ВИДЕО)

Минатата недела, претседателот Владимир Путин прогласи вонредна состојба и ги критикуваше...

Одборот на NBER објави дека рецесијата започнала во февруари. Според широката дефиниција на ова биро, рецесијата е “пад на економската активност која трае неколку месеци”.

Американската економија официјално во рецесија!

Американската економија е во рецесија, објави Националното биро за економски истражувања...