Големиот успех што го постигна филмот „Медена земја“ го обезбеди националното обединување околу тој повод за радост

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 10 февруари, 2020 13:40

Која Македонија ја претставува Атиџе? Вистинската или „Северџанија“

Фото/Текст извор: ©магазин

Доделувањето на оскари заврши. Целата македонска јавност беше одземена од интересот за тоа дали филмот „Медена земја“ кој беше номиниран за оскар во две категории ќе успее да добие оскар. Големиот успех што го постигна филмот „Медена земја“ го обезбеди националното обединување околу тој повод за радост. Во суштина ни требаат успеси, макар мали и ретки на кои ќе се радуваме, кои ќе не потсетат дека и во ова општество не е се бадијала, туку дека има и нешто вредно.

Од филмот можеме да научиме многу за нас, за нашата култура и за нашето општество. Атиџе е и посебен, единствен, уникатен лик, но е и репрезентативен и типичен лик. И покрај тоа што филмот не доби оскар, самото прогласување на филмот донесе многу успеси за нашата земја. Прво бидејќи се појави податок дека Македонија е најпребарувана земја во изминатите неколку дена. Поголемо амбасадорување од појавувањето на Атиџе и „медените“ на Оскарите не можеме да замислиме. Освен тоа што интересот на светот го окупираше Македонија овој пат за добри и афирмативни работи, верувам дека многумина ќе имаат и желба да ја посетат со што ќе се развие и туризмот и ќе се збогати културниот контакт со луѓето од светот.

Филмот „Медена земја“ постигна огромен успех и не е најважно тоа што не добил оскар 

Филмот „Медена земја“ не доби оскар, но оскарите ја добија Атиџе

За успехот во историјата на уметноста и да не зборуваме, овој настан ја обележа македнската кинематографија и покажа дека во Македонија има вредни и професионални луѓе кои можат да успеат и без големи афери и пресметки околу заработувачка од филмот, перење на пари преку филмови и сл. Филмот „Медена земја“ не потсети колку е глатко, префинето, слатко и медено чувство да си посветен, великан во својата работа, а пред се чесен и етичен човек. Но и покрај тоа што големиот успех на „Медена земја“ не може да се оспори, постојат луѓе кои го поставуваат прашањето за тоа која Македонија ја претставува Атиџе?! Тие свесно алудираат на нејзината етничка припадност, на нејзиниот мајчин јазик, на начинот на кој живее, навиките кои ги поседува, дури и тоа што во филмот носи шамија го сметаат како отстапка од јудео-христијанската традиција која е фундаментална за македонскиот национален идентитет. Според некои аналитичари и перспективисти, Атиџе не ја симболизира вистинската Македонија, туку „Северџанија“ (погрдно име за оние што го подржаа референдумот, гласачите на СДСМ или луѓе што немаат проблем нивната држава да се вика Северна Македонија). Општо е познато дека и да е нешто најдобро кај нас, секогаш ќе се најде некој доволно малодушен човек да не ја препознае вистинската вредност на работите и да попљука врз нив. Нема сеопшта согласност околку тоа што е добро, а што е лошо, ние вечно имаме како со нож подвоени мислења околку етичките и естетичките прашања. И тоа не заради релативизација на нештата, туку поради тоа што сме целосно неуки во градење на нашето етичко јадро и градење на нашиот естетички вкус. Покрај тоа сите сакаме да се претставиме како паметни, нашиот темперамент не ни дозволува да останеме без реакција на она што е топ тема во јавниот простор, а нашата гордост не ни дозволува да научиме од другите нешто што ние не го знаеме, напротив полесно е да се преправаме дека знаеме.

Атиџе ја претставува Македонија, многу подобро од оние што сметаат дека таа не е репрезентативна за вистинската Македонија туку за „Северџанија“

Ако Атиџе со шамија не е претставителна за вистинската Македонија, тогаш дали Миленко кој го тврди тоа, со пурата и бахатиот мотор е репрезентативен и типичен лик на Македонија?

Во Атиџе се соберени сите карактеристики на Македонија и да имаше Македонија персоналност таа ќе изгледаше токму така како што изгледа Атиџе. Атиџе ја преставува Македонија како – скромна, сиромашна, мала, горда, срдечна, дива, непокорлива, со огромна животна радост, непосредна, простодушна но великограда, со неизмерна топлина, но темпераментна и помалку дрска. Иако на прв поглед Македонија, како и Атиџе, е обесправена, чудна, непривлечна, сепак таа е толку слободна, своја и неповторлива, да кон неа не можете да имате сожалување, набргу таа ќе ја разбуди вашата восхит и ќе ве поткрева на нозе да ги истражувате сите човечки височини што ги нуди. Атиџе носи шамија затоа што го претставува мултикултурниот карактер на Македонија, богатиот микс од културни карактеристики и етности кои ја конституирале и живеат на територијата на Македонија. Атиџе со шамијата е повеќе Македонија одошто Миленко со пурата, моторите, шарлатанска новинарска кариера, долга коса, брада, вискач у рака, сексизам и мизогинија, и рок ми бејбе пристап. Тој може да биде само симбол на една искривена Македонија, изопачена од хетерогеноста во увозот на вредности од запад што не се автохтони, на една Македонија која ја силуваат и цицаат оние кои демек најмногу ја сакаат. Атиџе ќе остане во Македонија бидејќи за неа Македонија е најдоброто место на светот, сите други големи Македонци ќе се стопат во мапата на светот, ќе ги испратат своите деца далеку некаде од своите домови за подоцна да проповедаат за огромната љубов кон Македонија.

Длабока хипокризија го опфатила ова општество, но за среќа има искра која ќе не затопли барем на кратко. Фала ти за се што направи за мене, мојата иднина и мојата земја драга Атиџе!

Автор: Стојмановиќ Магдалена  

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Сега Грција нема проблем, бидејќи Заев и Димитров „им го решија“ со потпис на преспанскиот – но проблем има Бугарија кој Заев и Димитров го прифатија, исто така со потпис на договорот за т.н. добрососедство.

Дурловски: За чии интереси работи владата на СДСМ?

Македонија е земјата која треба да се откаже од македонското малцинство во Бугарија...

После може нивниот Самка Ибраимовски да го изберат за претседател на СДСМ. Стојанче Цреп да им биде потпретседател и министер за одбрана.

ЛАТАС: Венко Филипче е единица мерка за корупција и непотизам

Помина денот на Власите, а техничкиот Оливер Спасовски не им го честиташе етничкиот...

Мизерни пакети за сиромашните, но нов мерцедес од 250 илјади евра за Заев, ваучери за оние со бедни плати, но стотици илјади евра за роднинскиот картел од непостоечкото СЈО.

Муртинскиот Минхаузен

Античката митолошка мудрост не учи дека не им се верува на Данајците дури и кога дарови...

Така што, „свети Филипче“, најди си друг начин за решавање на проблемот кој самите го создадовте, бидејќи овој лек што сега го предлагате е поопасен од самата болест.

ЈАНЕВСКИ: Карантинот за Рамазан Бајрам е класична местенка за Чулев и ВМРО-ДПМНЕ!

Веројатно не треба многу да се елаборира дека карантинот од сабота до вторник наутро,...