Јован Крстител најверојатно имал голема улога во првите векови во христијанството, а според некои, тој дури имал и поголем број на верници. Денеска, во христијанството, Јован се смета за светец и маченик.

Објавил: Сара Фемина | 17 јануари, 2020 10:49

Кој бил Светецот Јован Крстител- Црква денот по Богојавление ВОДИЦИ му го посветил на неговиот спомен

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јован Крстител или Јован Претеча е важен светец во христијанството, братучед на Исус Христос според евангелието на Лука и човекот којшто го крстил во реката Јордан. Со оглед дека оваа главна улога на Свети Јован се остварила на денот на Богојавление (19 јануари), древната Црква денот по Богојавление му го посветил на неговиот спомен.

Јован Крстител најверојатно имал голема улога во првите векови во христијанството, а според некои, тој дури имал и поголем број на верници. Денеска, во христијанството, Јован се смета за светец и маченик.

Во исламот е познат како пророк Јахја ибн Закарија. Медејците, пак, го сметаат за единствен и вистински месија. Во младоста, Јован живеел во пустината во близина на долниот тек на реката Јордан. Кога наполнил 30 години, тој ја напуштил пустината и се вратил меѓу еврејскиот народ, каде што ги учел луѓето да се покајат и да се подготвуваат за доаѓањето на Спасителот. Според евангелистот Лука, Јован ја започнал својата проповед во 15 година од царувањето на Тибериј, во времето на јудејскиот намесник Понтиј Пилат и Ирод Антипа. Првичното место на служба му била јорданската пустина, а потоа јорданскиот брег. Тој често проповедал: 

Свети Јован Крстител (понекогаш нарекува Свети Јован Бигорски) — манастирска црква во селото Слатино, сместена во близина на некогашното Слатинско Езеро. Манастирската црква била осветена на 26 мај 2002 година од страна на митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј. Фреските се изработени од уметникот Драган Ристески од Охрид.

Во тоа време, Исус се подготвувал за својата мисија. Но, според тогашните закони, учител можело да биде лице со наполнети 30 години. Затоа и Исус, кога наполнил 30 години, дошол на реката Јордан за да биде крстен. Јован, кој дотогаш не го имал видено, според евангелието, веднаш се сетил дека тој е Спасителот. Во почетокот, Јован го одвратил, велејќи му:

Но, кога Исус му рекол: „Остави го сега тоа зошто нам ни претстои да ја исполниме секоја правда“, Јован го крстил, во водата.

Јован постојано ги проповедал позитивните животни принципи и жестоко го критикувал неморалот, лагите и развратот, кои во тоа време во Римската Империја го достигнале својот врв. Посебно на удар на неговите критики бил управникот на Галилеја, Ирод Антипа. Тоа бил синот на стариот Ирод, оној што наредил да се заколат сите деца во Витлеем во времето кога требало да се роди Исус Христос. Ирод Антипа бил оженет со ќерката на еден арапски кнез, по име Арета. Но тој, ја истерал својата законита жена и се оженил со својата снаа Иродијада, жената на својот брат Филип, кој бил жив. Иродијада со себе ја довела и својата ќерка од првиот брак Саломија. Тоа не го дозволувале нитузаконите на Мојсеј, а Јован жестоко го критикувал.

Погубување на Јован Крстител

Особено лута и осветољубива била Иродијада. И таа чекала прилика да му се освети. Еднаш, кога Ирод организирал прослава на својот роденден со присуство на мноштво народ, меѓу кои и највидните државни првенци, кога обилно се пиело вино, кога се играло и пеело, одеднаш се појавила Саломија, ќерката на Иродијада, која што со својата игра толку го занесла Ирода што тој и ветил дека во тој момент ќе и исполни секаква желба, ќе и даде сè што ќе посака, дури и да се работи за половината од царството. Саломија не знаела што да посака, па отишла да се посоветува со својата мајка.

Пакосната мајка, која долго го чекала овој час (зашто не можела да му го прости јавното разобличување), веднаш ѝ рекла да ја побара главата на Јован. Кога Саломија тоа му го соопштила на Ирода, тој се изненадил, но ветувањето дадено пред многу народ го обврзувало и морал да го исполни. За кусо време, девојката ја имала на послужавник главата на Свети Јован, која ја предала на својата мајка. И по неговата смрт, Иродијада продолжила да се изживува над мртвото тело на Св. Јован, бодејќи го неговиот јазик со игли. Според преданието, телото на Јован го зеле неговите ученици и го погребале, а главата ја зела Иродијада, која ја закопала во дворецот на Ирод, плашејќи се наводно да не може да воскресне Јован. Сепак, еден чесен дворски слуга ја закопал главата на светецот.

Великиот и славен Крстител Јован бил убиен по желба и наговор на злобната Иродијада, жената на царот Ирод. Откако му ја отсекле главата, Иродијада наредила да не му ја погребуваат заедно со телото, зашто се плашела дека страшниот Пророк би можел некако да воскресне. Затоа ја зеле неговата глава и ја закопале на едно скриено и бесчесно место длабоко во земјата.

Евангелистот Лука, кој посакал да го пренесе Јовановото тело од Севастија, во којашто големиот Пророк бил убиен од царот Ирод во Антиохија, родното место на Св. Лука, успеал да ја пренесе само едната рака на Свети Јован, којашто во Антиохија била чувана до 10 век. Потоа, таа била пренесена во Цариград, но во времето на Турците исчезнала оттаму.
Според преданието, во следните години, некој богат човек се замонашил во Елеонорската гора, па по неколку години сакал да прави своја келија на местото во дворецот. По започнување на ископувањата, тој ја пронашол главата на Јован.
За раката на светителот се раскажува дека секоја година на денот на неговиот спомен архиерејот Антиохиски ја изнесувал пред народот. Понекогаш таа рака се јавувала раширена, а понекогаш згрчена. Во првиот случај означувала родна и богата година, а во вториот неродна и гладна.

Наоѓање на главата на Свети Јован Крстител

Великиот и славен Крстител Јован бил убиен по желба и наговор на злобната Иродијада, жената на царот Ирод. Откако му ја отсекле главата, Иродијада наредила да не му ја погребуваат заедно со телото, зашто се плашела дека страшниот Пророк би можел некако да воскресне. Затоа ја зеле неговата глава и ја закопале на едно скриено и бесчесно место длабоко во земјата.

Нејзината дворјанка Јоана, жената на Хуза, не можела да трпи главата на Божјиот човек да остане на она бесчесно место, па тајно ја откопала, ја однела во Ерусалим и ја закопала на Елеонската Гора.
Не знаејќи за сето тоа, кога царот Ирод дознал дека Исус врши големи чуда, се уплашил и рекол: „Тоа е Јован кого што јас го убив, стана од мртвите“ (Марко 6, 16).

По извесно време еден угледен богаташ поверувал во Христа, ја оставил својата висока позиција и се замонашил, па како монах со името Инокентиј се населил на Елеонската Гора токму на она место каде што била закопана главата на Свети Јован Крстител. Сакајќи да си ѕида келија копал длабоко и пронашол земјен сад и во него глава за којашто на таинствен начин му било јавено дека е на Крстителот.

Тој ја целивал и ја закопал на истото место. По Божја Промисла оваа чудотворна глава подоцна одела од рака на рака и понирала во мракот на заборавот па одново била објавувана, додека најпосле во времето на благочестивата царица Теодора – мајка на Михаил а жена на царот Теофил – и во времето на патријархот Игнатиј, не била пренесена во Цариград.

Од главата на Светиот Предвесник се извршиле многубројни чуда. Значајно и интересно е тоа што додека бил жив Свети Јован не извршил ниедно чудо (Марко 10, 41), а на неговите Свети мошти им се дал дар на чудотворство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Богородица Марија според верувањата на христијаните била мајка на Исус Христос и сопруга на Јосиф.п

ЗА МНОГУ ГОДИНИ: Денеска е голем празник– Мала Богородица, заштитничка на жените!

Денеска се празнува големиот христијански празник, Рождество на Пресвета Богородица или Мала...

Серадосно подготвувајќи се за еден од најголемите празници Рождеството на Пресвета Богородица, со особена радост сетринството на нашата обител ве поканува молитвено да го прославиме денот на почетокот на нашето спасение.

Соопштение по повод манастирската слава: Започнаа богослужбите по повод празникот Мала Богородица!

Соопштение по повод манастирската слава! Преку безживотната утроба, се раѓа Мајката...

Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат.

Утре е голем празник: Се празнува Рождество на Пресвета Богородица – Сите патишта водат кон манастирите!

Рождество на Пресвета Богородица (познат и како Мала Богородица) е еден од најголемите...

Денеска, во повеќе градови во државата, како и во цела Европа,започна одбележувањето на Европската недела на мобилност (од 16-22 септември), која оваа година поради пандемијата предизвикана од KОВИД-19 се организира во посебни услови.

ОД 16 – 22 СЕПТЕМВРИ СЕ ОДБЕЛЕЖУВА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ

ПОД МОТОТО „МОБИЛНОСТ ЗА СИТЕ БЕЗ ЕМИСИИ“ ОД 16 – 22 СЕПТЕМВРИ СЕ ОДБЕЛЕЖУВА ЕВРОПСКАТА...