Корупција и непотизам во јавните набавки како последица на политички интереси.
За пет години, десет исти фирми свртеле 1 милијарда евра државни пари, покажа анализата на Центарот за граѓански комуникации. Истражувањето открива дека договорите за јавни набавки кои се склучени од 2019 до 2023 година, се со вкупна вредност од 5,8 милијарди евра, а само околу една третина од нив, односно 36% или 2,1 милијарда евра добиле други 50 фирми.
Во листата на најголеми добитници на тендери се градежни компании, веледрогерии, дистрибутери на нафтени деривати и слично. На дел од нив речиси целиот бизнис им почива на договори за јавни набавки.
Меѓу првите 10 фирми се „Марковски компани Битола“, „Д-р Пановски“, „Пуцко Петрол“, „Енерџи Деливери Солушнс“, „Илинден Струга“.
Прворангираната фирма „Марковски компани“ за пет години има склучено 77 договори за јавни набавки во вредност од 151 милион евра. Дури 66 тендери им се склучени со државното претпријатие „АД Електрани“, во вредност од 141 милион евра. Трета е „Пуцко Петрол“ со склучени 1776 договори во вредност од 137 милиони евра.
Фирмите кои добиле најголема вредност на тендерите се домашни фирми. Само 5% земале странски фирми. Убедливо најголем удел имаат фирми од Скопје, а по нив се тие од Битола. Според дејноста, дури 39% од вредноста на договорите отпаѓа на градежништовото, каде припаѓаат и договорите на „АД Електрани“ за користење на механизација и работници за ископ на јаглен. На второ место се тендерите за набавка на лекови и медицинска опрема во вредност од 559 милиони евра и удел од 27%. На трето место се нафтените деривати со вредност од 297 милиони евра и удел од 14%. Сите други фирми, согласно дејноста, имаат удел под 10%.
Нелогичноста според Центарот кој истражувал , е во фактот што вредноста на добиените тендери е многу поголема од вреднувањето на вкупните приходи за конкретниот период. Ова би значело дека не се наплатени побарувањата за нив или пак, не доспеале.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.