Дали Вилма Русковска е премногу зафатена со затворање на бранителите на Уставот, па криминалците го користат моментот?

Објавил: Перо Милчин | 30 април, 2019 13:56

КОЈ ГИ ПУШТИ ОСУДЕНИТЕ ОД “ДЕТОНАТОР” НА СЛОБОДА?

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Веќе подолго време жителите на Виница и Кочани се прашуваат дали функционира правосудниот систем во државата, затоа што се сведоци на еклатантен пример на селективна правда.

Првообвинетиот во познатиот случај Детонатор, Игор Горански, ослободен од извршување на казната затвор наводно поради лекување, веќе подолго време е во Бугарија, а веќе започнал и со продавање на имотот во Виница.

Повеќе од јасно е дека повеќе е недостапен за властите во земјава.

Во случајот „Детонатор“, судијката Димишкова на Железарски му изрече казна затвор од 14,6 години, додека на Јорданчо Михајлов 12,6 години затвор.

Уште порадикален е примерот со Жан Железарски од Кочани, осуденик во истиот случај, ослободен од истите причини, кој редовно се јавува во билтените на МВР за нарушување на јавниот ред и мир, но никој не презема мерки за негово санкционирање.

Дали овој познат рекетар на СДСМ е на слобода за извршување на валкани работи поврзани со изборите, дали МВР ќе дозволи поголеми инциденти или ќе дозволи уште едно бегство.

Дали Вилма Русковска е премногу зафатена со затворање на бранителите на Уставот, па криминалците го користат моментот?

Која е Вилма Русковска?

Минатата година советот на јавни обвинители ја избра Вилма Русковска, обвинителката која ја водеше истрагата за случувањата од 27 април, за нов шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во Скопје. Освен случувањата на 27 април, Вилма Русковска ги водеше и истрагите за „Диво Насеље“, „Змиско око“ и „Детонатор“.

Осомничените се уште уживаат на слобода. Според обвинителството, шестмина се организатори, а останатите се припадници на злосторничка група која што правела криминал во источна Македонија, од Кочани до Виница.

За случајот „Детонатор“, им се судеше на 16 лица за сериозни кривични дела како злосторничко здружување, обид за убиство, измама исто така и за лихварство. Жан Железарски беше осуден на затворска казна во траење од 14,5, а Јорданчо Михајлов 13,5 години затвор.

Акцијата на ,,Детонатор’’ започна во 2013 година, а правна завршница доби во 2014 година, вкупната затворска казна на Железарски е во должина од 22 години затворска казна, но многу очигледно е дека Железарски досега нема отслужено ниту половина од својата затворска казна, а веќе е пуштен на слобода.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести