Тешко повредениот поп безбели има време да чека кога веќе чекал правда 30 месеци.

Објавил: Сара Фемина | 19 август, 2019 0:26

Кој го штити таткото на БОКИ 13 што му скрши нога на поп!

Фото/Текст извор: ©експрес.мк

Десетина дена откако ја отворив оваа навидум обична приказна за насилство, молчат сите инволвирани. Логично е, тие што учествуваат во прикривање на насилство врз свештеник да молчат, но нелогично е да молчат сите институционално инволвирани во случајот, пишува Горан Момироски.

Тешко повредениот поп безбели има време да чека кога веќе чекал правда 30 месеци.

Но јавноста нема да чека и затоа ако наскоро нема одговори самата ќе види кој и како направил насилство.
Која е спрегата што го штити насилникот што истепа поп? По чија наредба предметот се чува во фиока? Кој и се заканува на жртвата и кој ја спречува да си ја истера правдата?
Пред повеќе од една недела опишав низ што се поминал свештеникот Виктор Стојчев и неговото семејство од 7 јануари 2017 година, кога бил физички нападнат од таткото на Боки 13, Миле Јовановски, па се до денес.
Опишувајќи ги неговите проблеми во обидот да ја истера правдата во овие две и пол години, нагласив дека зад целиот случај стои една судско-полициско-лекарска спрега која се обидува да го заштити насилникот.
Следејќи ги фактите и информациите во врска со случајот, утврдив дека предметот е заглавен во Институтот за судска медицина каде што од октомври 2017 година се чекаат резултатите од супер вештачењето за повредите на свештеникот.
Да потсетам, лекарите од институтот треба да кажат дали фрактура на ногата е тешка телесна повреда, врз основ на што обвинителството треба да ја прифати или одбие кривичната пријава поднесена од МВР против Миле Јовановски.
Претходно, обвинителката Енѓелуше Кадриу Леши ја отфрли кривичната пријава врз основа на вештачењето на повредите на попот од извршено од хирург кој тврди дека фрактурата на ногата на Стојчев не била тешка телесна повреда.
Кадруи при носењето на одлуката повеќе му верувала на вештакот кој признава дека не извршил дополнителен медицински преглед на оштетениот, од видео доказите од надзорната камера на која јасно се гледа како настанува повредата кај попот.
Поради сето ова, минатата недела јавно поставив прашања до Институтот за судска медицина (институцијата нема објавено маил адреса) во кои барав одговор до каде е супер вештачењето и зошто повеќе од 22 месеци се чека експертиза за тешка телесна повреда?
Но, и покрај тоа што никој од институтот јавно не се произнесе за предметот, неофицијално дознав дека извештајот бил завршен и испратен до ОЈО уште на 8 октомври 2018 година.

Останува нејасно зошто им требало цела година да го завршат извештајот, но тоа што повеќе загрижува е следното: ако информацијата е точна, а немам причина да се сомневам во релевантноста на изворот, се поставува прашањето што преземало Основното јавно обвинителство, или поточно обвинителката Имрам Османи, во изминатите десет месеци во врска со овој случај?
Односно, дали Османи по нечие влијание го чува предметот во фиока и дали со тоа обвинителката не е соучесник во штитењето на насилникот?
Со надеж дека ќе придонесам да се забрза расчистувањето на целиот случај, овој пат јавно и директно ќе поставам неколку прашања до ОЈО и обвинителката Имрем Османи за да им дадам и нив шанса да ги потврдат или демантираат сомнежите дека постои свесна намера да се опструира правдата за Виктор Стојчев.
За таа цел ја прашувам обвинителката Османи, која го наследила случајот од нејзината колешка Енѓелуше Кадриу Леши:
1. Дали е точно дека извештајот од супер вештачењето од Институтот за судска медицина е испратено до вас на 8 октомври 2018 година и што вие како обвинителка сте презеле од тогаш до сега за овој случај?
2. Што велат лекарите од Институтот, дали фрактура на нога е тешка или лесна телесна повреда?
3. Дали во овие десет месеци сте го известиле оштетениот Стојчев или неговиот адвокат за резултатите од супер вештачењето?
4. Дали ја прифативте кривичната пријава од МВР против Миле Јовановски?
За јавноста да добие целосна слика во врска начинот на кој е водена целата постапка од самиот почеток, кога предметот го водела обвинителката Енѓелуѓе Кадриу Лежи, ОЈО ќе треба да одговори и на следниве прашања:
1. Дали ОЈО- Скопје издало наредба КО1 бр. 272/17 до асс. Д-р Горан Алексовски, специјалист хирург во Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ Скопје да изврши судско-медицинско вештачење и да даде стручно мислење по однос на видот и карактерот на повредите на оштетениот Виктор Стојчев?
2. Дали хирургот, ангажиран како судскиот вештак во извештајот испратен на 15.05.2017 година заклучува дека скршеницата на оштетениот Виктор Стојчев не била тешка телесна повреда, туку само телесна повреда и врз основа на што го носи овој заклучок?
3. Дали е точно дека судскиот вештак дава мислење за последиците од повредата без притоа да изврши дополнителен медицински преглед на оштетениот?
4. Дали обвинителката Енѓелуше Кадриу Леши, која тогаш го води предметот, на 17 август 2017 година изготвува решение со кое ја отфрла кривичната пријава поднесена од МВР против лицето Миле Јовановски за нанесување тешка телесна повреда на оштетениот Виктор Стојчев и врз основа на што ја носи одлуката?
5. Дали обвинителката при носењето на решението за отфрлање на кривичната пријава го зема предвид само мислењето на судскиот вештак или пак ги земала предвид и доказите (видео снимката од надзорната камера) како и членот 131 од КЗ?
6. Дали е точно дека „фрактура на коски“ во судската и во медицинската практика се смета како тешка телесна повреда за која е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години?
7. Дали обвинителката ги видела видео доказот од нападот врз Виктор Стојчев и лекарското уверение од 11.01 во кое лекарите од 8-ми Септември потврдуваат станува збор за тешка телесна повреда?
8. Како може мислењето на вештак – хирург, кој воопшто не извршил преглед на оштетениот, да биде поверодостојно од видео снимка и мислење на неколку лекари ортопеди кои го лекувале оштетениот?
9. Дали по приложеното ново вештачење од страна на оштетениот, во кое јасно е наведено дека станува збор за тешка телесна повреда и дека оштетениот има последици од повредата, обвинителката, во октомври 2017 година наложува да се изврши и трето, супер-вештачење во Институтот за судска медицина?
10. Колку просечно трае вештачење од ваков тип?
11. Ако првото вештачење траело три месеци, второто помалку од месец, зошто се чекало цела година за резултатите од вештачењето од Институтот за судска медицина?
12. Дали и што презела обвинителката за да ја забрза постапката?
Со оглед на тоа дека оштетениот живее во пекол две и пол години и 20 месеци чека абер од судот дали воопшто ќе почне било каква постапка за неговиот случај, очекувам од обвинителството да одговорат на прашањата во најкус можен рок, а од МВР да се заинтересира за случајот и да ја открие судско-полициско-лекарската спрега која ја оневозможува правдата до ден денес.
За тие што не се во тек

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Но, фер е да се каже дека во тие години, на некој начин, водев и „двоен живот“. Во гимназиските денови цел еден четиригодишен мандат бев секретар на младинската организација на општината Карпош.

Героски ја отвори душата: Можев да станам космонаут, ама не сакав

Роден сум во 1962 година во Гостивар, Македонија. Датумот на моето раѓање, 2 февруари,...

Героски, од кого почна пишувањето за Рекет, по консултации со правни експерти бара замрзнување на сите предмети кои ги водело СЈО.

„СЈО ќе остане запаметено како Голи Оток на генералот Капичиќ кого го славеа како Катица пред два месеци„

Да, се согласувам дека нема правда во обвинителствата и судовите но, дочекавме космичка...

Дека во кругот околу премиерот се случува тотален хаос знаеме уште од мај годинава.

Момироски: Зошто за нападите на владините медиумски јуришници врз Героски молчат Роберт Поповски и Ордановски

Слонот во македонската стаклена продавница лоцирана на улицата Илинденска но и на...