Душан дошол да го испрати владиката Атанасиј до манастирот Тврдош, каде што е погребан.

Објавил: Едмонд Бекири | 30 мај, 2023 19:16

КОЈ Е ДУШАН ОБРЕНОВИЌ, кого косовците полицајци брутално го претепале: Се викал Сулејман, па станал православец

Фото/Текст извор: ©Magazin

Душан Обреновиќ, момчето кое вчера беше брутално претепано од косовските полицајци при неговото апсење во Звечан и приведено во притвор, е родено во мешан брак на Албанец и Бошњачка и се викал Сулејман, до пред неколку години кога решил да премине во православието и да го промени името.

Како што соопшти денеска неговиот адвокат Предраг Миљковиќ, Обреновиќ е во притвор и во многу тешка физичка состојба поради тепањето што го претрпел вчера, има повеќе повреди и набиеници и му е потребна помош од хирург.
Неговата животна приказна е многу интересна. Душан живее во Северна Митровица, а во 2016 година се крсти и наместо ислам зеде православна вера. Потоа го смени името, а се зборува дека од мали нозе се заљубил во православието.

„Не преминав, бидејќи нашите предци биле православни, само се вратив. Татко ми, по потекло од Брчко, ми рече дека нема проблем, сестра ми не се бунеше, а мајка ми не беше воодушевена“, изјавил Обреновиќ за медиумите пред неколку години.

Душан тогаш истакнал дека едвај ја дочекал крштевката.

„На пример, татко ми е атеист, не ме бранеше, ми рече: „Сине, ако си решил така, тоа е твоја работа.“ И јас ете на Марковден, со божја помош се крстив во Бањскиот манастир, од отец Данило, игуменот“, се присетил Душан.
Своето презиме го зел од династијата Обреновиќ, името по царот Душан, а славата на свети Јован. Повеќето негови пријатели од Косовска Митровица ја прифатиле неговата одлука, но како што велел тогаш, имало сограѓани на кои тоа не им се допаднало.

„Има некои на кои им пречи, некои од градот, некои муслимани, им пречи тоа што сум крстен, има и некои православни на кои им пречи и ми фрлаат секакви работи на улица, но јас немам проблем. Господ е тој што ќе им суди на сите. Не ги мразам“, заклучил Душан.

Своевремено бил и во поворката која до последното почивалиште го придружувала покојниот владика Атанасиј, чиј пријател бил.

Останатите учесници во поворката велат дека владиката Атанасије, кој често престојувал на Косово и дека така се запознале тој и Душан и се спријателиле. Атанасиј го засакал тој млад човек, кој бил необичен по однесувањето и чист во срцето, велат соговорниците.

Душан дошол да го испрати владиката Атанасиј до манастирот Тврдош, каде што е погребан.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан