Во февруари 1992 година станува член на СДСМ. Основач е и генерален секретар на Социјалдемократската младина на Македонија од 1996 до 1999 година, а потоа и нејзин претседател до 2001 година.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 август, 2020 23:21

Кој е Лазар Еленовски, „идниот премиер“ за кој се договориле Мицкоски и Ахмети?

Фото/Текст извор: ©Pozitiv.mк

Во медиумите вече на големо се шпекулира за договорот на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на ДУИ, и предлогот за Лазар Еленовски за премиер.

Имено денеска Мицкоски и Ахмети оствариле средба во македонското собрание, каде разговарале нешто повеќе од еден час за создавање коалиција за нова влада. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, доколку обезбеди 61 пратеник тогаш ќе формира Влада. Имрно вчера порталот Лајм, повикувајќи се на партиски извори, објави дека Мицкоски и Ахмети се договориле за нова Влада, а премиер да биде Лазе Еленовски, кој ќе се декларира и за Македонец и за Албанец, со оглед дека е од мешан брак.

Лазар Еленовски, поранешен министер за одбрана во Владата на Никола Груевски 2006-2008. Моментално е амбасадор на Република Македонија во Белгија ( по предлог на ДУИ), и е дипломиран економист на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Основач е и генерален секретар на Социјалдемократската младина, во далечната 1992 година, а потоа и нејзин претседател. На функцијата заменик-генерален директор на ЈСП- Скопје бил од 2001-2005, а по падот на СДСМ од извршната власт.

Лазар Еленовски (Скопје, 19 март 1971) е амбасадор на Република Македонија во Белгија. Тој претходно бил претседател на Социјалдемократската унија и поранешен министер за одбрана на Република Македонија, во периодот од 26 август 2006 до 28 јули 2008 година.

Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј каде е и студент на постдипломски студии од областа на Економски развој и меѓународни финансии.

Во февруари 1992 година станува член на СДСМ. Основач е и генерален секретар на Социјалдемократската младина на Македонија од 1996 до 1999 година, а потоа и нејзин претседател до 2001 година.

Основач е на НВО Млади европјани за безбедност – Македонија во 1995 година. Од март 2001 година до декември 2005 ја извршува функцијата генерален секретар на Евро-Атлантскиот Клуб на Македонија, а во декември истата година е избран за претседател на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, членка на Атлантската асоцијација (АТА), која обединува 40 национални атлантски асоцијации од Северна Америка до Средна Азија. Со Евро-Атлантскиот Клуб на Македонија спровел повеќе кампањи за промоција и поддршка на НАТО и ЕУ интегративните процеси на Македонија и за промоција на Јадранската повелба преку кампањата „Во јато кон НАТО“, спроведена во соработка со повеќе невладини организации низ земјата и локалните власти. Еден од основачите е на Форумот за безбедност на Централна и Југоисточна Европа, основал и имплементирал бројни регионални иницијативи за промоција на евро и евро-атлантската интеграција на Македонија и регионот.

На функцијата заменик генерален директор на ЈСП-Скопје бил од април 2001 до мај 2005 година. Од февруари 2005 година бил член на работната група на македонската Влада за формулирање на Комуникациската стратегија за подготовка на Република Македонија за членство во НАТО.

По предвремените парламентарни избори во 2008 година, поради незадоволство што НСДП ја напушти коалицијата со ВМРО ДПМНЕ, Лазар Еленовски, Веле Митановски и Вера Рафајловска ја напуштаат НСДП и на 21 јуни 2008 година ја формираат Социјалдемократската унија. За претседател на партијата е избран Еленовски. На оваа функција останува до Вториот конгрес на партијата, во јуни 2012 година,по што заминува на функцијата амбасадор на Македонија во Белгија.

Покрај мајчиниот македонски, Еленовски зборува албански, англиски, српски и хрватски јазик.

Оженет е и татко на две деца.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

За реализација на овој план, однонсно создавање нов град со околу 10.000 жители била задолжена Агенцијата за просторно планирање.

Никола Груевски имал план за создавање нов град: Еве каде требало тој да се наоѓа

По 10 години владеење, ВМРО-ДПМНЕ, веќе 4 години не е на власт. Во периодот на нивното...

Филипче за сите оние кои незнаат како оди тестирањето, објасни дека најпрво доколку се појават било акви симптоми треба да се консултира матичниот лекар.

Филипче најави набавка на брзи тестови кои за 15 минути детектираат ковид-19

Во вчерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ министерот за здравство доц. д-р Венко...

Увид на место на настанот е извршен од страна на јавен обвинител и МВР, а на лице место излезе и тим од воената полиција.

Позната здравствената состојба на војниците кои утринава беа повредени во сообраќајна незгода!

Во врска со сообраќајната незгода која се случи утринава во која странично се преврте...

Во гостувањето премиерот рече дека од големо значење е пријателскиот договор склучен со Бугарија и нагласи дека од неговиот бугарски колега, премиерот Бојко Борисов нема никаква закана ниту коментар кон Македонија.

Заев: Ако го присвојуваме Гоце Делчев, нема да го решиме проблемот со Бугарија!

Во вчерашното гостување во емисијата „Само интервју“, премиерот Зоран Заев рече дека...