Пред да падне Владата на Љупчо Георгиевски, тој, според нашите извори, станува обезбедување во СДСМ, го напушта Охрид и заминува во Скопје како дел од партиското обезбедување.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 јули, 2019 17:54

Кој е осомничениот ЗОРАН КИЧЕЕЦ – од вратар по кафани до познат РЕКЕТАШ и сопственик на ресторани!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Зоран Милески Кичеец, во јавноста беше познат како човек близок до Сашо Мијалков, а прекарот го добива по родното Кичево, пишува А1он.

Кривичниот суд официјално соопшти дека го прифатил предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и вчера им се одреди притвор од 30 дена на двете лица осомничени за изнуда на пари, Зоран Кичеец и Бојан Јованоски или познат како Боки 13.

Откако Зоран го завршува Факултетот за туризам и угостителство во Охрид почнува да работи во ноќниот клуб „Арт плаза“, работи како шанкер и вратар, а сега е познат како сопственик на ресторанот „Арабеска“ во Скопје.

Зоран Милески, или попознат како Зоки Кичеец прекарот го добива по родното Кичево, a во јавноста беше познат како човек близок до Сашо Мијалков, односно негов кумашин.

Пред да падне Владата на Љупчо Георгиевски, станува обезбедување во СДСМ, го напушта Охрид и заминува во Скопје како дел од партиското обезбедување, пишува А1он.

По падот на власта на СДСМ во 2006 година Кичеец се зближува со Дејан Митрески – Урко, тогашно обезбедување на поранешниот премиер Никола Груевски, а оттаму се воспоставува и контактот со Мијалков и со Камчев.

Во 2013 година, врската меѓу Камчев и Кичеец почнува да се распаѓа, а за тоа сведочи и инцидентот во кафулето „Интермецо“ кога Орце е претепан од Кичеец.

Двете лица, Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Зоки Кичеец, Обвинителството ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за „перење пари и други приноси од казниво дело“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека верува во безбедноста на модуларните ковид-центри низ државата, бидејќи тие се клучен фактор во спасувањето на животи.

Русковска ја побарала целокупната документација за јавните набавки на модуларните болници

Ова е одделна истрага од онаа што ја вршат петтемина основни јавни обвинители по синоќешната...

-Црвениот крст на Република Македонија уште еднаш длабоко сочувствува со семејствата на загинатите и повредените граѓани во трагичниот пожар во ковид – центарот во Тетово, стои во соопштението!

ЦРВЕН КРСТ ЌЕ ИМ ДОДЕЛИ ПО 30.000 ДЕНАРИ НА СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО ТЕТОВО

Црвениот крст на Република Македонија соопшти дека во знак на солидарност и хуман...

Тука денес ни се приклучија повеќе од 350 претставници од бизнис секторот од целиот Западен Балкан. Духот на соработката е очигледен во стотиците врски кои се негуваат тука.

Завршна изјава на лидерите на „Отворен Балкан“

Денес го најавивме „Отворен Балкан“ – заедничката иднина за нашите граѓани и за целиот...

Во наредниот период следи потпишување на Договор за соработка помеѓу „Национални енергетски ресурси“ АД Скопје и Грчкиот национален оператор на гас ДЕСФА со којшто двете страни ќе гарантираат за изградбата на интерконекторот помеѓу двете држави.

Бектеши и Скрекас го потпишаа Договорот за изградба на интерконекторот за пренос на природен гас Грција-Македонија

Министерот за економија, Крешник Бектеши и министерот за животна средина и енергија...