Дали всушност Боки 13 ги користи српските медиуми како алатка за упатување на закани кон македонски, но и странски политичари, но оттука се поставува и прашањето кој е линкот од кој пристигнуваат наводни информации кои се објавуваат во српските портали и весници?

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 август, 2019 16:33

Кој му помага на Боки 13 да изнесува информаци надвор од „Шутка“?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Српските медиуми секојдневно објавуваат нови информации за првоосомничениот Боки 13 за случајот Рекет, па оттука се поставува прашањето како успеваат да дојдат до информации кога 13 ка е изолиран и е во притвор во Шутка?

Дали всушност Боки 13 ги користи српските медиуми како алатка за упатување на закани кон македонски, но и странски политичари, но оттука се поставува и прашањето кој е линкот од кој пристигнуваат наводни информации кои се објавуваат во српските портали и весници?

Насловната страна на денешното викенд издание на Српски Телеграф

Во денешното викенд издание на српски телеграф на насловната страна како ударна вест стои дека во телефонот на Боки се пронајдени пишани пораки и експлицитни фотографии од српски политичар, кој доаѓал во Скопје за интимни дружби со него, а пак на насловната страница е испишан наслов со големи букви : Боки 13ка оргијал со политичар од Србија.

Освен во српски Телеграф, минатата недела Боки се појави и на насловните страници на Информер, Курир, на порталите ало.рс , република.рс а токму од српските медиуми беше обајвено дека наводно Боки се заканил дека ако му фали влакно од косата ќе падне Владата на Заев, и дека сите докази се кај неговата мајка. Боки наводно се заканил дека доколку не го пуштат од притвор, ќе објавел информации како краделе Заев и Харадинај, но и дека поранешниот екс менаџер, а сега советник на Заев, Зоран Башановиќ е замешан во случајот Рекет.

Останува отворено прашањето, зошто со толкав интензитет српските медиуми пишуваат за Боки 13ка и кој е линкот кој ги пренесува наводните инфомации од Шутка?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во „Рекет“, како што вели ситуацијата е јасна како ден, и се знае кој е октоподот и кој е организатор на целиот случај.

Мицкоски со став за „Рекет“: Јасна е таму ситуацијата, се знае кој е главата на случајот!

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во врска со случајот „Рекет“...

Милошоски напиша дека во прилог на овој материјал ќе го достави и транскриптот од чија содржина,  „произлегува сомнеж за тоа дека Заев бил во тек со нелегалното финансирање на “Меѓународниот сојуз” на Бојан Јовановски.

Милошоски со нова “бомба”: Ќе доставам до Русковска досега не видени аудио материјали за „Рекет“

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски најави нова бомба која утре како што објави...

На судиите, обвинителите и на поротниците им рече да се ослободат и дека ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту Мицкоски не им можат ништо.

“МАРШОТ ЗА ПРАВДА” ГО ПРЕДВОДЕШЕ ЗАЕВ: Ние го ослободивме судството, ама бурно го следиме

Под мотото „Чекориме за правда за сите“ СДСМ вчера маршираше од Собранието кон Кривичниот...