Прво Грција после Бугарија, ќорсококак без крај

Објавил: Македонка Димкин | 10 април, 2022 9:01

Кој не сака Бакканските земји да бидат дел од ЕУ?

Фото/Текст извор: ©тв24

Очекувам бугарската  влада строго да се придржува на декларацијата на народното собрание, на консензусот и волјата на бугарите, отворените прашања да бидат решени пред почетокот на преговорите за членство на  Македонија во ЕУ, изјави бугарскиот претседател Румен Радев. 

– Ставот на Бугарија за евроинтеграцијата на  Македонија се базира на резултати, а не на рокови и услови наметнати од странство. Секое отстапување на Владата од бугарскиот национален интерес ќе предизвика нова владина криза. Советниците на бугарскиот премиер Кирил Петков никогаш не треба да ги оквалификуваат „македонските Бугари како малцинство“, бидејќи тоа може да го уништи целиот процес на европската интеграција на Република  Македонија. – изјави Румен Радев претседател на Бугарија.

Премиерот Ковачевски пак од Делфи форумот во Грција порача дека време е за дејствување, според него проширувањето на унијата сега е од геостратешка важност.

– Проширувањето на Европската Унија и интеграцијата на земјите од Западен Балкан е прашање од геостратешка важност, а истото треба да се реши во најскор можен рок.прво со взаемен договор помеѓу Македонија и Бугарија, по што треба да следи одобрување на преговарачката рамка од страна на ЕУ. – изјави Димитар Ковачевски премиер на Македонија.

Вицепремиерот пак Артан Груби од тирана истакна дека Лозинката за интеграцијата на Македонија и Албанија во ЕУ е Украина.

– Јасната перспектива за членство во ЕУ е од суштинско значење за стабилноста на регионот, затоа проширувањето мора да се изврши веднаш, веднаш, без одлагање и без никакви двоумења. Колку е подалеку Брисел, толку е поблиску Москва. Колку помалку Европа на Балканот, толку повеќе простор за Русија. – изјави Артан Груби вицепремиер.

И лидерот на опозицијата денеска со дирекна порака до Радев и Петков, Христијан Мицкоски кажа дека Брисел треба да направи притисок врз Софија да го повлече ветото за старт на преговорите за членство.

– Сето она кое ќе биде надвор од тоа што е предвидено согласно Резолуцијата која ја усвои македонското Собрание, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го почитува и тоа треба да им биде јасно и на Петков и на Радев. – изјави Христијан Мицсоски лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку по изјавата вчера падна оптимизмот на бугарскиот премиер Петков, кој кажа нема да има договор со Скопје без согласност на владините коалиционери. Тој пред бугарските пратеници вети дека нема да потпише ништо без согласност на сите политички актери во бугарската влада и парламентот.

Од друга страна, се поставува прашањето дали Тирана веќе го знае знае ставот на Софија за Скопје во јуни. Бидејки за прв пат по скоро 2 години бугарска блокда, албанскиот премиер Еди Рама деновиве се изјасни дека во јуни ќе бара Албанија да биде разделена од пакетот со Македонија и сама да ги стартува преговорите со ЕУ.

Кристина Николова ТВ24

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Балкан

Прво соопштија немало знаци на насилство, доволно да му се даде време да избега убиецот

Обвинителот Бубевски за убиството на Тот: Немаше намера за прикривање, збрката настана поради лоша медицинска проценка

Сè уште се трага по човекот кој прв го удрил ракометарот, вели шефот на Основното јавно...