Сеуште под шпекулации е анонимната дојава дека советници, печатница, кафе бар и агенција за обезбедување печателе фалц билети, надвор останала и мајката Кирил Лазаров

Објавил: Мартин Попоски | 1 ноември, 2018 9:44

Кој се е вмешан во нелегално пуштање во продажба на билети за натпреварот Македонија и Турција?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По медиумите низ Македонија пристига текст, за тоа, што точно се случувало пред и на 25 октомври во Битола, пред натпреварот помеѓу ракометните репрезентации на Македонија и Турција.

Како што информиравме и покрај уредно купените билети, над 800 битолчани останаа пред салата “Боро Чурлевски” во Битола и натпреварот помеѓу  ракометните репрезентации на Македонија и Турција го проследија преку своите телефони.

Како што пишува во текстот, една печатница од Битола, двајца советници во советот на општина Битола, брат на еден советник во советот на општина Битола, вработени лица во една агенција за обезбедување во Битола и вработени лица на кафе бар од Битола се вмешани во наводниот криминал кој се случил пред натпреварот на Македонија и Турција.

Во продолжение во целост ви го презентираме текстот кој пристигнал до бројни редакции но мал број го објавиле:

Во Четвртокот на 25 октомври со почеток во 20 часот и 15 минути во спортската сала “Боро Чурлевски” – Битола по скоро 14 години се одигра ракометен натпревар со репрезентативен предзнак помеѓу репрезентациите на Република Македонија и Република Турција, на кој нашата репрезентација успеа да победи и да остани непоразена во Битола.

Натпреварот се одвиваше во одлична спортска атмосфера и целосна доминација на Македонската репрезентација. Трибините беа преполни, а навивањето беше беспрекорно, онака како што му доликува на Битола и на најстарата навивачка група Чкембари

Она што фрли сенка на натпреварот и се друго беше тоа што околу 800 гледачи, вклучувајќи ја и мајката на нашиот капитен Кирил Лазаров, со купени билети, некои од нив тврдат дека билети купиле и по цена од 750 денари, а цената стигнала и до 800 денари, останаа надвор и натпреварот го следеа на своите телефони преку интернет.

Натпреварот помеѓу репрезентациите на Македонија и Турција беше закажан за на 25т Октомври, а по барање и инсистирање на турската ракометна федерација, натпреварот се одигра во Битола, каде ракометната репрезентација досега не знае за пораз, а најверојатно и така ќе остане уште долго време.

Организацијата на овој ракометен спектакл го превзеде општина Битола, а потоа го делегира на одговорните лица на РК Пелистер.

Првиот симптом кој најави дека нешто не оди како што треба, беше тоа што билетите за натпреварот не се печатеа во печатницата во која вообичаено се печатат влезниците за натпреварите на РК Пелистер, а во истата печатница се печатеше и кореографијата за натпреварот. 

Влезниците беа испечатени во друга невообичаена печатница, на хартија со лош квалитет и без никаква заштита, од видот жиг, лента, а дури и не беа ни перфорирани со издвоено место за контрола на тикетот, кој при влезот треба вообичаено да се отстрани. Сума сумарум билетите беа како створени за фалсификување.

Ракометната федерација на Македонија уште вечерта се огради од настанатите проблеми и како за одговорен за настанатата збунка ги посочи одговорните од управата на РК Пелистер. И така испадна.

По кратко истражување откриена е мрежата и во наредните денови ќе се обидеме да го расфетлиме случајот во кој се препоставува дека е направена измама од помеѓу 120.000 денари и 640.000, без да се пресмета штетата која е направена врз Битола  со тоа што најверојатно еден добар период нема да има можност да организира репрезентативен ракомет.

Во целата оваа потенцијална измама се претпоставува дека се замешани: една печатница од Битола, двајца советници во советот на општина Битола, брат на еден советник во советот на општина Битола, вработени лица во една агенција за обезбедување во Битола и вработени лица на кафе бар од Битола.  

Се надеваме дека во скоро време ќе дојде до расфетлување на случајот и еднаш за секогаш ќе се стави крај на ваквите измами.

Магазин.мк извести дека невообичаено голем број навивачи и љубитеи на спортот за време на настанот и покрај уредното поседување билет не биле пуштени во спортската сала во Битола.

Скандал: Над 1.000 битолчани гледаа ракомет на мобилни со полициска придружба

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Роналдо ја призна вината дека во периодот од 2011 до 2014 година кога беше член на Реал Мадрид затајувал данок од маркетинг.

Роналдо доби затворска казна и финансиска глоба од 18,8 милиони евра

Португалскиот фудбалски ас, Кристијано Роналдо е осуден на 23 месеци затворска казна...

Улиците по кои ќе се движи претседателот ќе бидат затворени, шахтите заварени, а на зградите ќе има руски снајперисти, додека граѓаните ќе им биде наредено да не излегуваат на терасите,

Путин пристигнува во Србија со 250 руски обезбедувачи и снајперисти

Улиците по кои ќе поминува Рускиот претседател ќе бидат затворени, шахтите заварени,...