Валканите пари од аферата Рекет, кој ја тресе Македонија, но и целиот регион, оделе во Сојузот за Србија(СЗС) и тоа преку Вук Јеремиќ, открива српски Курир.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 август, 2019 11:26

Кој се офајдил од „Рекет“: Боки му давал пари на Вук, Ѓилас и Бошко, а се гледал и со Чедо!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Сомнително, Јеремиќ повеќе пати доаѓаше во Скопје на состаноци со каде се состанувал со луѓе од опкружувањето на Боки 13, меѓу кои клучен е Зоран Башановиќ, советникот на Зоран Заев. СЗС доби пари, добиени од протестите против власта.

Валканите пари од аферата Рекет, кој ја тресе Македонија, но и целиот регион, оделе во Сојузот за Србија(СЗС) и тоа преку Вук Јеремиќ, открива српски Курир.

Српски Курир објави дека Боки 13 му давал пари на Вук, Ѓилас и Бошко, а се гледал и со Чедо!

На тие состаноци во Скопје порано беше и Саша Мирковиќ, поранешен претседател на собранието кој е сега во затвор поради малверзација со новогодишни пакетчиња во Зајачар.

Организатор на овие состаноци бил Башановиќ, кој е добар со Јеремиќ,па средил српската опозиција да добие пари. Не се знае дали тие пари биле позајмени или не, но сигурно е дека парите биле искористени за финансирање на ротестите „Еден од пет милиони“. Станува збр за повеќе од стотина илјади евра.  Тоа практично значи дека парите освен за Јеремиќ, оделе и кај другите лидери на СЗС, Бошко Обрадовиќ и Драган Ѓилас – открива изворот на Курир.

Како што открива изворот за српски Курир, Башановиќ бил задолжен парите од Боки 13 од Македонија да ги префрли во Србија.

Отворил најмалку две трансакции вредни повеќе илјадници евра, а планот бил за време на летото да направат уште, но тој план пропадна кога Јовановски завршил зад решетки, а потоа во јавноста протече и снимка на која во Луј Витон ташна изнесува 1,5 милион евра од куќата на Орце Камчев – вели изворот.

Изворот за Курир вели дека добро се збогатиле од рекетот.

Генералниот секретар на партијата Глаз за Македонија, Љупчо Палевски за Курир.РС изјавил дека оваа бизнис шема била многу реална.

– Oд овде се финансираше се што е против српскиот претседател Александар Вучиќ. Тоа е сигурно. Од тој рекет одредени српски структури добро искористиле. Се знае дека Драган Ѓилас повеќе пати доаѓал кај Зоран Заев, а јасно е што е интересот, пари. И тоа не само за Ѓилас, туку и за целата српска опозиција. Повеќе од јасна е улогата на Башанавиќ, сите ги спои само влијание и кеш – вели Палевски.

И лидерот на ЛДП, Чедо Јовановиќ се состанувал со Боки 13 во Скопје. За тоа сведочат и фотографиите на Инстаграм кој Јовановски ги објави во септември минатата година. Седеа во еден познат скопски ресторан а во описот на фотографијата Боки 13 го нарече Чедо гостин од Белград.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Од МВР потврдија дека на Бујар Османи ќе му биде поднесена прекршочна пријава поради кршење на Законот за патен сообраќај.

Османи заработи прекршочна пријава за зборување по телефон додека вози

Бујар Османи си заработи пријава за сторен сообраќаен прекршок по законот за безбедност...

Тој во моментов работи и во затворот во Идризово, а два пати во неделата доаѓа и во Истражниот затвор во Шутка.

Ова е затворскиот пензиониран психијатар кој ја лекува Катица Јанева во Шутка!

Затворскиот психијатар Мирко Треневски кој пред половина година замина во пензија,...

Таа пред своите колеги тогаш истакна 'Се може да пропадне само СЈО не'. Убедливо и решително се обрати тогаш Катица Јанева на своите колеги во изјава дадена пред целиот колектив пред околу 3 години.

ВИДЕО: Јавно ветување кое Катица Јанева не го исполни и ги извиси своите колеги

Разрешената обвинителка Катица Јанева која беше на врвот на СЈО, по се изгледа не си...