По 7 месеци неизвеснот од оставките кои колективно ги поднесоа членовите на претходниот состав на Државната изборна комисија – конечно ова највисоко тело за организирање и мониторинг на изборните процеси во Македонија со нов состав со привремен мандат.
Во ДИК по свечените изјави кои членовите ќе ги дадат денес во законодавниот дом седнуваа Оливер Дерковски – Дитмире Шеху – Елизабета Постоловска – Јанакие Витановски – Борис Кондарко – Радица Ристеска и Енвер Салиу.
Дерковски од ВМРО – ДПМНЕ е идниот претседател на изборното тело. Тој е поранешен пратеник на ВМРО – ДПМНЕ во парламентот и член на неколку комисии во законодавниот дом. Дерковски е и поранешен директор на Македонски железници – транспорт.
Шеху како предлог на ДУИ ќе биде заменик претседател. Таа е адвокат од Гостивар а своевремено работела и во кабинетот на поранешниот градоначалник Невзат Бејта по што е именувана и за секретар на општината. Согласно функцијата во локалната самоуправа Шеху била и и секретар на општинската изборна комисија во Гостивар во неколку изборни процеси.
Елизабета Постоловска од ВМРО – ДПМНЕ е чиста енигма за македонската јавност но и политичките партии.
Јанакие Витановски од СДСМ беше член на Комисијата за верификација на факти позната и како Комисија за лустрација. Борис Кондарко во периодот од 2011 до 2013 година беше претседател на ова изборно тело како кадар на опозиционата СДСМ. Радица Ристеска од СДСМ е судија во Охрид а Енвер Салиу кој доаѓа како предлог на тетовското крило на БЕСА е од Куманово и работел во адвокатска канцеларија а подоцна е вработен во Агенцијата за катастар во Скопје.
Стручната јавност новиот состав на ДИК го оцени како просечен во капацитетот професионално да одговорат на задачата од кои примарна и по се единствена ќе им биде организацијата – реализацијата и мониторингот на Референдумот за Договорот со Грција.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.