Љубомир Јовески, републичкиот јавен обвинител истакна дека во ваков случај треба да реагира Советот на јавни обвинители и да назначи вршител на должноста. Тој се повикува на Законот за јавното обвинителство, и вели дека тоа би значело дека замена на Јанева би била некоја од нејзините колеги или колешки.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 август, 2019 11:27

Кој ќе ја замени Јанева на позицијата во СЈО?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако вчера специјалната јавна обвинителка Катица јанева, доби 30 дена притвор , останува отворено прашањето кој ќе ја наследи на функцијата шеф на Специјалното јавно обвинителство, пишува Фокус.

Катица Јанева на 15 јули даде неотповиклива оставка

Љубомир Јовески, републичкиот јавен обвинител истакна дека во ваков случај треба да реагира Советот на јавни обвинители и да назначи вршител на должноста. Тој се повикува на Законот за јавното обвинителство, и вели дека тоа би значело дека замена на Јанева би била некоја од нејзините колеги или колешки.

Коле Штерјев, претседателот на Советот на јавни обвинители смета дека не може да се назначи в.д специјален обвинител без да и истече мандатот на Јанева.

Само во еден случај, Советот назначува вршител на должност. Тоа е тогаш кога на еден јавен обвинител му се прекинува мандатот или е разрешен и Советот назначува вршител на должност од редовите на тоа обвинителство. Доколку Јанева не е разрешена и додека не и се прекине мандатот, не можеме да назначиме вршител на должност. Постапката за разрешување е предвидена со законот за СЈО, каде се вели дека доколку предлагаме ние, треба да подготвиме извештај и да го доставиме до Собранието, комисиите да го разгледаат и потоа Собранието да ни предложи ние да разрешиме, појаснува Штерјев во изјава за медиумите.

Според членот 18 од законот за СЈО  јавниот обвинител може да се разрешува од функцијата пред истекот на мандатот поради незаконито, нестручно и несовесно вршење на функцијата. Доколку Советот на јавни обвинители започне постапка за разрешување на јавниот обвинител во разумен рок треба да достави до Парламентот извештај за утврдената фактичка состојба и основите за разрешување.

Извор Лидер.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Ременски вели дека со Бојан Јовановски, таа се запознала сосема случајно во периодот кога тој сакал да и се заблагодари поради спасот на неговата мајка која работи во Труд и социјална политика.

Ременски: Боки го запознав случајно, ми се заблагодаруваше бидејќи ја “спасив” неговата мајка

Фросина Ременски, поранешната пратеничка и потпретседателка на Собранието, која ја...

На 88-годишна возраст, во неделата во Охрид почина Томислав Кичеец, доајен на адвокатурата во Охрид и Македонија.

Почина легендата на адвокатурата во Охрид и Македонија Томислав Кичеец

На 88-годишна возраст, во неделата во Охрид почина Томислав Кичеец, доајен на адвокатурата...

Прочка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.

„Прости ми“, „простено да ти е- во недела е Прочка- ова се обичаите за големиот празник

Во недела е големиот христијански празник Прочка или Велики поклади — ден...