Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Објавил: Валерија Петрова | 3 јули, 2019 18:01

КРАВА ДРАМА ВО КАФЕАНА: Жена избоде маж, случајот пред обвинителството

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Жената која избоде маж со нож во угостителски објкт во Неготино поради вознемирување, ќе се најде пред обвинителна клупа.

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Покрената постапка за обид за убиство

– Обидот за убиство за кој Обвинителството ја поведе постапката се случил на 2 јули околу 4:30 часот во угостителски објект во село Неготино, полошко. Осомничената,  вработена во угостителскиот објект, пред да го изврши делото била  вознемирувана од страна на оштетениот – нејзин колега. Откако и по нејзините повици да престане, оштетениот продолжил со дејствијата, таа се упатила кон шанкот, зела нож и му нанела неколку убодни рани во пределот на стомакот, соопшти Јавното обвинителство.

Ценејќи дека се исполнети законските одредби, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар доставил предлог за определување на мерката притвор за осомничената. Предлогот беше прифатен и на осомничената судот и определи притвор во траење од 30 дена.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.