Без страв

Објавил: Калина Мартинска | 31 јули, 2024 12:09

Крадел од мртовци златен накит – Хрват за една ноќ отворил и ограбил 4 гробници

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Полицијата во Загреб ја заврши истрагата против 42-годишен маж осомничен дека ограбувал гробници на Градските гробишта Мирошевац.

Тој бил разоткриен на 20 јули кога дошол на градските гробишта со намера да упадне во постари гробници во потрага по вреден накит.

Со помош на алат провалил во четири гробници. Откако ги отворил капаците на гробниците, во четирите метални ковчези направил отвори со димензии околу 10х10 см за да стигне до предметите во нив. Потоа ги вратил покривните плочи на гробниците за да ја прикрие својата работа.

Околу 11 часот и 30 минути работниците на гробиштата го забележале како клечи покрај еден од гробовите. Во моментот кога го здогледале, пријавениот избегал од местото на настанот, оставајќи зад себе алат – метална стапица, чекан и други предмети, како и јакна. Во џебовите од јакната биле пронајдени прстен и два часовници одземени од починатите. После тоа, тој ги вратил покривните плочи на гробовите.

Полицијата набрзо пристигнала на местото на настанот и извршила увид. Преку разговор со семејствата на починатите, утврдено е дека осомничениот на ист начин провалил во уште четиринаесет гробови на истите гробишта. Во обид да ги прикрие злосторствата, тој секогаш по упадот ги враќал покривните плочи на гробовите.

Мажот е приведени и против него е поднесена пријава до надлежното државно обвинителство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.