Според соопштението од Банката, сто и петнаесет илјади евра се украдени во грабежот во експозитурата на НЛБ Банка во Сарај што се случи утрово.

Објавил: Весна Петровска | 8 јули, 2019 18:39

КРАДЦИТЕ СИ ЗАМИНАЛЕ СО ДОБАР ПЛЕН: НЛБ ја соопшти украдената сума

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

НЛБ Банка во Општина Сарај олеснета за 115 илјади евра, крадците се во бегство.

Според соопштението од Банката, сто и петнаесет илјади евра се украдени во грабежот во експозитурата на НЛБ Банка во Сарај што се случи утрово.

-Утрово во експозитурата на НЛБ Банка во општина Сарај лоцирана во ТЦ „Сарај Центар“, се случи грабеж од страна на вооружена група разбојници. Во моментот на случувањата во експозитурата биле присутни вработени и клиенти, при што сите се безбедни и во добра состојба. Претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во експозитурата, ставајќи ја нивната безбедност и нивното здравје во преден план, наведуваат во соопштението.

Ограбена НЛБ банка во Општина Сарај, крадицте во бегство

Оттаму додаваат дека се во интензивна соработка со надлежните органи со цел побрзо откривање на деталите и разрешување на случајот.

Во моментов поради истрага и расчистување на случајот, експозитурата Сарај не работи, а најавуваат дека со редовна работа ќе продолжи од 10 јули 2019 година.

Сличен грабеж се случи на 15 април годинава во 10 часот и 36 минути кога беше ограбена филијала на НЛБ Банка во скопската населба Чаир.

Убедливо најголем грабеж на НЛБ Банка е оној кој го изврши во април 2017 година вработен во НЛБ Банка, со иницијали Б.С. кој од трезорот во централата на банката украде 2 милиони швајцарски франци и 270.000 евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

По вечерашниот инциденто во Градската општа болница „8 Септември“ се огласи министерот за здравство Венко Филипче кој рече дека група од неколку лица се обидела насилно да земат тело на почината од коронавирусот.

Инцидент во болницата „8-ми септември“, вооружени се заканувале на докторка – приведени две лица

Шест лица вчера беа приведени во полициската станица Гази Баба по инцидентот и заканите...

Според очевидците, откако ги оштетил останатите возила и предизвикал сообраќајка, Г.Б. излегол од своето возило „масерати“ и со боксови ги нападнал присутните.

Синот на Амди Бајрам пијан удрил во два автомобила на „Партизанска“, па тепал со боксови

Вчеравечер на булеварот „Партизански одреди“, во близина на хотел „Карпош“, лицето...

Фала му на Бога нема човечки жртви ниту некој е повреден. На свовиден начин се продолжува пироманската традиција откако претходно во текот на изборите 2017та година имаше пожар во мојот дом.

Фрлена експлозивна направа во семејната продавница на Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ

Од власта велат “можеме” , дека сме на “прав пат”, и дека било ” нормално”, но на терен...

Ме нападна со тупаници и дрвено столче во глава, ми го скрши носот и ми ја измести вилицата, напиша таа на социјалните мрежи.

КРВ НА СИТЕ СТРАНИ: Таткото на Моника Конопова се обидел да ја убие (ВОЗНЕМИРУВАЧКА ФОТОГРАФИЈА)

Активистката Моника Ристеска, вечерва на социјалните мрежи објави вознемирувачки...