
Мода
Бренд
Британската Кралица Елизабета и војвотката од Кембрич Кејт Мидлтон, денеска го имаа своето прво заедничко појавување во Лондон.
На кралскиот колеџ во Лондон стигнаа со кралскиот автомобил, во кој пак беа покриени со едно плаво ќебе. Кејт Мидлтон изгледаше елегантно во сив Кетрин Вокер фустан која пак го искомбинира со нејзинит омилени црни кондури со блок пета со средна висина која е идеална за носење во текот на целиот ден од брендот Џанвито Роси и мала црна клач Малбери ташна.
Ова беше ретка прилика војвотката да се види со шешир во текот на незваничните средби, меѓутоа ова беше нејзиниот начин на почит кон кралицата, бидејќи Елизабета не излегува од кралскиот двор без шешир.

Интересно е тоа што ова е истиот шешир кој Кејт го носеше и во 2012 година, кога таа се појави за првпат во јавноста со кралицата Елизабета без приинцот Вилијам. Иако многумина тоа го истакнуваат како нивно прво појавување, со нив тогаш беше и принцот Филип кој двете дами ги пратеше насекаде и затоа тоа не се смета како нивно прво самостално заедничко појавување, како што тогаш пренесоа светските медиуми.
Кралицата за оваа прилика одбрала розе комплет од кашмир во нејзин стил но овој пат со шешир кој одговораше на на нејзиниот прекрасен розе комплет
Освен со појавувањето со шешир Кејт на кралицата и изрази почитување на повеќе начини. Така чорапите кои ги одбра Кејт беа потполно црни, за разлика од оние кои ги носеше до сега. Инаку овој модел на чорапи се смета за традиционален чин, со кој и се искажува почит на кралицата.
Многу модни стручњаци сметаат дека дури и изборот на самиот фустан бил во чест на кралицата Елизабета. Сивата боја се смета за неутрална со што кралицата би била во прв план од нив двете. Познато е дека кралицата бира комлети во живописни бои, за да биде подбро забележана било каде да се појави, а Кејт со нејзиниот избор го направи токму тоа кралицата секаде да биде во прв план
После заедничкото појавување со кралицата, Кејт Мидлтон продолжи со нејзините обврски и замина во Фаундлиг музејот а за тамошнот појавување требаше само да го симне шеширот.
[ngg src=”galleries” ids=”1″ display=”pro_horizontal_filmstrip”]
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.