
Свет
Џет Сет
Британската кралица Елизабета (94) и принцот Филип (99) ја примија вакцината против ковид 19, соопшти денеска Бакингемската палата.
Кралската куќа, која ретко открива детали за здравствената состојба на кралскиот пар, изјави дека кралицата одлучила оваа информација да биде објавена со цел да се спречат можните шпекулации и неточни информации, пренесува Би-Би-Си.

„Постои овој негационизам што не можам да го протолкувам, но треба да се вакцинираме. Следната недела ќе започнеме со тоа во Ватикан. Договорив датум, тоа треба да се направи“, рече папата.
Извор близок до кралското семејство за агенцијата АП потврдил дека вакцината им била дадена на кралицата и принцот Филип од матичен лекар во замокот Виндзор.
Во Британија досега 1,5 милиони луѓе ја примиле првата доза на вакцина за коронавирус.
Исто така Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциско објави дека следната недела ќе прими вакцина против коронавирусот.
Ова го изјави во интервју за италијанската телевизиска мрежа „Канале 5!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.