Бакингемската палата официјално потврди дека кралицата Елизабета Втора нема да се меша во овој случај затоа што станува збор за „политичка работа“ и кралицата сака да остане далеку од политичките теми.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 февруари, 2020 13:09

КРАЛИЦАТА ОДБИ ДА МУ ПОМОГНЕ НА АСАНЖ: Елизабета нема да се меша во политички прашања и покрај тоа што основачот на Викиликс пропаѓа во затвор

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Британската кралица Елизабета Втора нема да интервенира за ослободување на Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, на кого му се заканува екстрадиција во САД!

Бакингемската палата официјално потврди дека кралицата Елизабета Втора нема да се меша во овој случај затоа што станува збор за „политичка работа“ и кралицата сака да остане далеку од политичките теми.

Џулијан Пол Асанж е австралиски новинар и семрежен активист. Тој е најдобро познат по неговата работа на мрежното место Викиликс, каде е портпарол и уредник. Студирал физика и математика, а се занимавал и со програмирање. На 16 години започнал да се занимава со хакерство. Бил уапсен во 1991 година за неовластен упад во компјутерски систем. На судењето се изјаснил за виновен по сите точки од обвинението. Поради доброто однесување бил осуден на парична казна од 2100 австралиски долари. Џулијан Асанж во 2006 година го основал мрежното место Викиликс и го вдомувал на домашен опслужувач. Од тогаш на Викиликс има објавено стотици документи поврзани со војните во Ирак и во Авганистан. На 30 ноември 2010 година бил ставен на црвениот список на Интерпол за лица по кои се трага на барањето на Шведска, каде против него започнала, потоа била стопирана, а потоа уште еднаш била започната истрага за наводно силување извршена во текот на летото 2010. На 7 декември Асанж ѝ се предал на лондонската полиција, но бил пуштен на слобода со кауција по 10 дена.

Реакцијата од Бакингамската палата дојде откако славниот активист Крис Лонсдејл минатиот месец испрати писмо до кралицата Елизабета Втора во кое бара Асанж  да биде ослободен од затвор бидејќи тоа е во „духот на правдата, мирот и чесноста“.

Асанж во моментов се наоѓа во британскиот затвор во Белмарш. Тој чека одлука за екстрадиција во Америка, каде е обвинет за ослободување десетици илјади доверливи дипломатски документи.

– Нејзиното Височество ќе продолжи строго да се придржува кон правилото да не се меша во политички работи и затоа прашањето за престојот на Асанж во затвор не е нешто за што би интервенирала таа – се вели во одговорот на Бакингемската палата.

Приврзаниците на Асанж уште од почетокот изјавија дека неговото затворање е мотивирано од политички причини, а не поради наводна правда. Основачот на Викиликс се наоѓа зад решетки уште откако беше уапсен минатиот април во еквадорската амбасада во Лондон за кршење на одредбите за кауција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Имено бебето Леонард е победник во битката со коронавирусот трпи доста тешки последици поради пандемијата од коронавирусот објави Јумама.

НАЈУБАВАТА ФОТОГРАФИЈА ОД ИТАЛИЈА: Ова бебе го победи коронавирусот и победнички се насмевна!

Најубавата фотографија која ќе ја видите денес е од Италија. Ова преслатко шестмесечно...

Поради ова, но и најавата на здравствените експерти, многу граѓани се прашуваа како ќе се снабдуваат со лекови и други намирници, како ќе ги шетаат миленичињата во текот на денот.

ВО ОВИЕ ДРЖАВИ ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ТРАЕ 24 ЧАСА: Луѓето смеат да излезат само од три причини!

Полицискиот час воведен во Србија трае од 17 до 5 часот, а за време на викендите од 15 до...

Чарлс, кој беше прв во ред за британскиот престол, рече дека има „само благи симптоми“ и им се обрати на Британците и светот со видео-порака во која го опишува неговото искуство со вирусот.

ПРИНЦ ЧАРЛС ГО ПОБЕДИ КОРОНАВИРУСОТ: Фрустрирачко и ново е ова искуство за сите нас!

Принцот Чарлс (71) се опорави од  COVID-19, што беше официјално потврдено од кралското...

Авион со медицинска опрема организиран од руското Министерство за одбрана заминал рано утрово од аеродромот недалеку од Москва.

ИСТОРИСКИ МОМЕНТ: Руски авион со медицинска опрема слета во Њујок!

Руски воен авион со медицинска опрема слета на аеродромот во Њујорк, соопшти руското...