
Спорт
Свет
Тајсон Фјури е новиот ВБЦ шампион во тешка категорија, откако утрово го победи досегашниот првак Деонте Вајлдер. Мечот беше прекинат во седмата рунда.
Вајлдер изјави дека жали што луѓето од неговиот тим решиле да го фрлат пешкитор во рингот што значи и крај на борбата, но најави дека ќе се врати посилен.

Фјури го победи Вајлдер со нокаут во седмата рунда
„Не знам зошто од мојот тим решија да го фрлат пешкирот. Бев подготвен да се борам до крај. Сепак, нема никакво оправдување. Подобриот бокср победи. Не се чувствував најдобро пред мечот, имав многу проблеми, но тоа сега нема врска. Фјури го искористи моментот и тоа е тоа“, рече Вајлдер.
„Мора да го пофалам Деонте затоа што покажа дека има срце на шампион. Успеа да стане и да издржи седум рунди, затоа што тој е вистински воин. Сигурен сум дека повторно ќе биде првак. Ви реков што ќе се случи по овој меч, Кралот повторно се врати на тронот“, рече Фјури.
Мечот во Лас вегас го следеа 15.816 гледачи, а беше поставен нов рекорд по приходот од влезници. Вкупно заработката од влезниците беше 16,92 милиони долари, што претставува нов рекорд, а гледачите уживаа во спектаклот.
Претходниот рекорд го држеа Мајк Тајсон и Ивандер Холифилд за легендарната борба од 1997 година. Тој меч се одржа во истата сала каде што боксуваа и Фјури – Вајлдер, а тогаш приходот од влезниците беше 16,86 милиони долари. На тој меч, Тајсон му одгриза дел од увото на Холифилд.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.