Постојат четири предупредувања од највисоко ниво во Англија и две во Велс, што значи дека постои опасност по животот на жителите.

Објавил: Мартин Попоски | 16 февруари, 2020 21:35

КРАЈОТ НА СВЕТОТ ЗАПОЧНА: Невремето “Денис” руши се пред себе- Јужни Велс како Венеција(видео)

Фото/Текст извор: ©Foto: Screenshot Youtube магазин.мк

Велика Британија е погодена од невремето “Денис”, придружено со силен ветер и обилни врнежи од дожд, што доведе до повеќе од 300 предупредувања за поплави низ целата земја, а е особено критично во јужниот Велс.

Лизгање на земјиштето е на повеќе места во јужниот дел на Велс, има заробени жители, а водата започна да преплавува некои куќи.

Постојат четири предупредувања од највисоко ниво во Англија и две во Велс, што значи дека постои опасност по животот на жителите.

Во Херифордшир, Англија, беа поплавени и домови, а еден од жителите изјави дека невремето ги „погодило како торнадо“, пренесува Би-Би-Си.

Властите претходно ги предупредуваа граѓаните да се заштитат од „поплави опасни по живот“ во Велс и Шкотска. Локалните медиуми јавуваат дека реката Таф во велшкиот град Понтипол се излева од коритото и се заканува на реката Нит во јужен Велс.

Според АП, селото Абердорон било погодено од ветрови со сила од ураган што достигна брзина од 146 километри на час.

Со силен ветер, стотици летови беа откажани и поплавувањето го наруши железничкиот сообраќај.
Според најновите информации, најмалку две лица починале во Велика Британија, при што десетици илјади се соочуваат со хаосот предизвикан од невремето Денис.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Меркел на прес-конференцијата го најави утрешниот состанокот на Евро-групата на кој ќе се разговара за предлогот на Советот на ЕУ и рече дека Германија ќе биде добро толку колку што ќе биде Европа.

МЕРКЕЛ ЗА КОРОНАВИРУСОТ: Ова е најголемиот предизвик за ЕУ од своето основање!

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека ЕУ се соочува со најголемиот...

Русија ќе покрие околу 800.000 американски долари во трошок за испраќање на дијагностички алатки во голем број земји, пренесува ТАС.

ХУМАНОСТ НА ДЕЛО: Русија донира милион долари на СЗО за борба против КОРОНА!

Русија ќе донира 1 милион американски долари на Светската здравствена организација...

Повеќето експерти веруваат дека избувнувањето на вирусот СОВИD-19 кој започна да се шири на пазарите во кинескиот град Вухан кога животните ја пренеле болеста на луѓето.

БРИТАНЦИТЕ ВЕРУВААТ ДЕКА КОРОНАВИРУСОТ Е ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР- Вирусот излегол од лабораториите во Кина!

Владата на Велика Британија верува дека коронавирусот случајно излегол од лабораторија...

Иако се воведени добри мерки за контрола и превенција, бројот на новооткриени случаи брзо се зголемува.

КИНЕСКИТЕ СТРУЧЊАЦИ ВО СРБИЈА: Да се воведе полициски час од 24 часа- има премногу луѓе на улиците!

Голем број српски државјани не носат заштитни маски и на улиците има премногу луѓе,...