
Македонија
Вести
Стартуваше уривањето на хотелот дивоградба изграден на самиот брег на охридското езеро. Сопственикот на објектот крајно совесно и културно замолил да се повлечи полицијата и да се започне со уривањето на објектот спроведувајќи ги го решението за уривање кој го добил од општина Охрид.
Како што дознава порталот Охрид 1, речиси сите угостители кои се сопственици на дивоградби или узурпирале државна земја, деновиве посетиле нотари и имаат подговтвени заверени изјави дека сами ќе си ги урнат објектите.
Дали со ова ќе купуваат време или навистина сватиле дека времето на узурпации и експлоатации на народна земја и вода за лично богатење завршило останва да видиме.
За потсетување, охридските власти имаат рок до февруари да прогласат мораториум на секакви урбани трансформации на брегот на езерото, во спротивно градот ќе се најде во листата на Светско наследство во опасност.
Заклучоците беа донесени на Комитетот на УНЕСКО одржан во главниот град на Азербејџан, Баку.
Регистарот покажа дека во Охрид има вкупно 1.076 дивоградби, од кои 409 се лоцирани во заштитен појас, односно на крајбрежјето на Охридското езеро, , во потегот на Националниот парк „Галичица” и во стариот дел на градот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.