Конечно после 20 години ДУИ оди во опозиција!

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 ноември, 2021 8:57

КРАЈ НА ЗАЕВИЗМОТ – ДУИ КОНЕЧНО ВО ОПОЗИЦИЈА!

Фото/Текст извор: ©магазин

КРАЈ НА ЗАЕВИЗМОТ – ДУИ КОНЕЧНО ВО ОПОЗИЦИЈА!

Вчера на координативна средба политичките партии – Лeвица, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса, Алтернатива и Беса договорија пад на Владата на СДСМ-ДУИ.

Конечно после 20 години ДУИ оди во опозиција!

Со обезбедување на потребното мнозинство во Собранието на Република Македонија, загарантирано е распуштање на Владата преку гласање на недоверба – во случај Зоран Заев да не ја поднесе својата оставка.

Овој договор, во ниеден случај, не значи коалицирање, и е со единствена цел – да се урне хибридниот режим на ДУИ и СДСМ.

Левица и понатаму, односно и на идните парламентарни избори, ќе настапува самостојно – како единствен политички претставник на македонската угнетена класа.

За идните избори и тоа кој и како ќе ги организира, претстојат понатамошни преговори во рамки на новото мнозинство, велат од партијата Левица!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Во СДСМ знаат дека поддршката кај граѓаните од ден во ден е се помала за нив. Според последните мерења на мислењето на јавноста ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ со 22.5% наспроти 17.9%.


Народот се повеќе се одлучува за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи знае кој може да ги решава нивните проблеми и кој може да го реализира ветеното.

Пиунот Ковачевски е исплашен од избори и затоа што неговиот личен рејтинг е скоро 4 пати помал од рејтингот на претседателот Мицкоски. Имено 17.7% од граѓаните даваат поддршка за претседателот Мицкоски, додека само 5.5% за Ковачевски.

Јасно е зошто е стравот во СДСМ. Но тие мора да сфатат дека иднината на државата не смее да биде заложник на нивната желба за власт.

ВМРО-ДПМНЕ уште претстојната недела ќе поднесе законски измени до собранието со цел укинување на техничката влада пред избори, со што ќе може да се распишат избори веднаш и во рок од 45 до 60 дена како што е согласно Устав пропишано да се одржат избори.

Истовремено ги повикуваме и малите партии да се охрабрат и да излезат од владата на ДУИ и СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, ако се искрени кон јавноста владата ќе ја напуштат веднаш.

Очекуваме одговорност од сите политички чинители. Само брзи предвремени парламентарни избори се решение за состојбата во која не донесоа СДСМ и ДУИ.

СДСМ и пиунот Ковачевски бегаат од избори затоа што знаат дека ќе ги изгубат

СДСМ и пиунот Ковачевски бегаат од избори затоа што знаат дека ќе ги изгубат. Во СДСМ...

Локалните власти контактирале со блиски членови на нејзиното семејство, со цел да им се понуди каква било помош доколку им е потребна.

УБИЕЦОТ И ГИ СКРАТИ СОНИШТАТА: Викторија дипломираше на факултет имаше и две сестрички

Младата девојка Викторија Н. која синоќа несреќно го загуби животот во ужасната сообраќајка...