На 20.12.2019 околу 19,40 пријавено е дека во продавница на ул. „Московска“ (непосредно до Зелен Пазар – Тафталиџе), извршено е yбиство од страна на сопственикот на продавницата – В.Ш. (55), кој по paсправија, со пиштол пyкал кон С.Д. (55), негов зет за сестра, кој пoчинал на лице место, а Ф. Д. (25), внук од сестра, е погоден со кyршум во десната нога и е пpeнесен во Ургентен Центар, каде му се укажува лекарска помош, информираат од МВР
До пукање во скопската населба Тафталиџе поради наводно нарушени имотно-правни односи, вечерва дошло при што едно лица е убиено.
Убиството е извршено од страна на сопственикот на продавницата со иницијали В.Ш . на 55 годишна возраст кој по расправија со пиштол пукал кон С.Д. исто така на 55 годишна возраст кој инаку бил негов зет за сестра ,и кој починал на лице место ,додека 25 годишниот Ф.Д. внук од сестра е погоден со куршум во десната нога и е пренесен на Ургентен центар каде му се укажува лекарска помош.
Причини за убиството, според МВР, се нарушени семејни односи и нарушени имотно-правни односи. Сторителот е приведен, соопштува полицијата.
Според податоците кои можат да се забележат на страната на МВР за статистики, сеуште нема статистика за тоа колку лица се убиени при семјена расправа во Макеоднија, нема ни за 2018 , но затоа за 2017 имало шест убиства по член 123 став 2 додека пак со телесни повреди се здобиле 538 лица, што значи скоро секој ден по двајца.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.