Станува збор за хеликоптерот од марката „Сикорски С-76“ во чија сопственост бил на славниот кошаркар и со истиот патувал со години.

Објавил: admin@magazin | 29 јануари, 2020 19:49

Крвта да ви замрзне: Погледнете како изгледа внатрешноста на хеликоптерот во кој загина Брајант(ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Светот се уште е во неверување по големата трагедија која се случи во неделата, кога загина еден од најпознатите светски кошаркари, Коби Брајант.

Легендарниот кошаркар Коби Брајант го загуби животот заедно со својата 13 годишна ќерка и седум други лица во хеликоптерска несреќа во неделата наутро.

Внатрешноста на хеликоптерот во кој загина Коби Брајант заедно со неговата ќерка и пријателите. Легендарниот кошаркар Коби Брајант животот го загуби заедно со својата 13 годишна ќерка и седум други лица во страшна хеликоптерска несреќа во неделата наутро.

Веднаш после несреќата се појавија и фотографии од хеликоптерот како изгледал во минатото.

Фановите коментираат за падот на хеликоптерот особено откако ги забележаа деталите во неговата внатрешност и пилотската кабина која поседува речиси се ново и најмодерно.

Хеликоптерот на Коби бил од типот, Сикорски С-76Б, направен во 1991 година, и вчера беше објавено дека немал црна кутија.

Имено Коби Брајант користел хеликоптер многу често. Медиумите пренесуваат дека уште од времето кога бил НБА играч тој сакал да го скрати времето кое го минувал во превоз, па поради тоа решил да купи свој приватен хеликоптер, односно се што сакал било да се избегне метежот во Лос Анџелес.

Фановите коментираат за контроверзниот пад на хеликоптерот особено откако ги видоа деталите во неговата внатрешност и пилотската кабина која поседува речиси се ново и најмодерно.

Она што е интересно за јавноста е тоа што двајцата родители биле свесни дека може да се случи несреќа, па брачните другари Коби Брајант и Ванеса имале договор никаде да не патуваат заедно со хеликоптер бидејќи во тој случај децата би останале без двајца родители.

Се уште не е позната точната причина за падот на хеликоптерот, се претпоставуваше дека несреќата се случила поради густа магла и намалена видливост, а Џенифер Хоменди од Националната комисија за безбедност во сообраќајот изјави дека во такви услови преживувањето на несреќата било тешко.
Според она што вчера излезе во медиумите хеликоптерот бил предупреден дека летал ниско.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.