петок, 4 октомври 2024

MK/ EN/ DE



Популарната водителка на ТВ Пинк, Јаковлевиќ, доживеа шок кога возилото кое го користи таа и нејзниот партнер, со нивните 4 деца, експлодирал

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 септември, 2018 11:21

Кренат во воздух џип на популарна српска ТВ водителка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Џипот експлодирал на паркинг пред станбена зграда во близина на стадионот на Црвена Ѕвезда, а по експлозијата потполно изгорел.

Според првите информации, за среќа нема повредени. Во Брзата помош велат дека помош и укажале само на една жена и тоа поради претрпен шок.

Како што пишуваат српските медиуми, момчето на Душица, Јован Алексиќ, со кого е во стабилна врска четири години, не е во Србија во овој момент, а водителката, како што велат нејзините блиски е видно потресена поради овој инцидент.

Душица има две деца, а Јовица уште две, но никој од нив не бил во близина на џипот за време на експлозијата, затоа што за среќа спиеле.

Водителката неодамна во едно телевизиско гостување откри што ја дочекало по една емисија која ја водела во реалното шоу Задруга.

-Јас ќе кажам дека после една емисија на автомобилот некој… Некој, не можам да докажам, затоа што немам, но некој ми го изгреба левото крило на мојот автомобил. Повторно некој неколку дена подоцна исто така со клуч ми нацрта срце на вратата, така што браво за креативноста. Мислам дека се отиде предалеку во таа смисла, кажа тогаш Душица.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.