Судски службеник укажува на злоупотреби на системот за распределба на судски предмети (АКМИС) во Основниот суд Скопје 1, каде претседател е Иван Џолев? Според документите до кои дојде Магазин, во овој Кривичен суд се позачестени се прераспоредувањата на судски службеници, а некои службеници сами бараат да бидат преместени поради неделовничко работење и злоупотреби на АКМИСОТ, со цел да се заштитат од одговорност во иднина.
Тројца службеници од Одделот за организиран криминал се преместени на маргинални места, а отворено е и прашањето дали во одделот за прекршоци има одреден број незаведени премети во АКМИС и дали се оставени празни бројчиња, што е спротивно на Деловникот на Судот и спротивно на законот?! Службеничката Јана Андонова смогнала храброст и писмено укажала на неделовнички прием и заведување на предмети, но, според нашиот извор, токму поради тоа била и сменета. Во Судот се збори дека тројца службеници од кривично-организиран криминал (КОК) се сменети по налог на претседателот Џолев?! И одговорната Гордана Ристеска, според нашиот извор, од страв сама побарала да биде сменета за да не одговара, бидејќи и во КОК да имало презаведувања на предмети од едни на други судии. Тоа е и логиката која објаснува зошто преседателот на Судот, Иван Џолев, има потреба толку често да прави измени на распореди и на служба и на судии.
Неодамна Иван Џолев жестоко се заканил со тужба за клевета против еден портал кој известуваше за штрајкот на судската администрација и судската полиција само во неговиот суд. Дали ваквите закани од судијата Џолев треба да се сфатат како немање транспарентност на судот и дали зад ова се крие стравот од откривање на нови АКМИС злоупотреби?
Но, во Кривичниот суд не е се така црно. Има и случаи на унапредување, како примерот на судивката Гордана Спиревска, неодамна избрана за член на Судскиот совет. Сепак, случајно или не, споменатата судивка, според нашиот извор, на средба со делегацијата на г-нот Прибе раскажала и за притисоците од претседателот на Судот врз неа во врска со случајот “Кочан”, што и било еден од условите за унапредување во Судскиот совет. Од извори на Судскиот совет дознаваме дека дека токму Спиревска е задолжена да ја корегира работата со злоупотребите на АКМИСОТ во извештајот кој се подготвува. За оваа цел таа на седница на Судскиот совет иницирала судијата Лидија Каначковиќ да даде службена белешка со која се повлекува од Комисијата за АКМИС.
Почетокот на оваа контраверзна судска тема се врзува со предметот „оддавање на службена тајна“ на поранешниот претседател на Судот, Владимир Панчевски, но засега без разрешница. Предистражната постапка на ОЈО не даде одговори кој, кога и каква штета направил со злоупотребата на АКМИС системот. По се изгледа мета на овие случаи бил интегритетот на самиот Кривичен суд како институција, а заради денешното полесно менаџирање на политичко-судските процеси кои јавноста ги гледа во овој суд. Изгледа дека во Основниот суд Скопје 1 политичките директиви во овој период се посилни од законските норми и Деловникот на самиот суд. Сепак главната одговорност е на грбот на претседателот на судот, Иван Џолев, а дојавите даваат индиции дека самиот тој е свесен дека се кршат одредбите на Деловникот на судот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.