Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе поднесе кривична пријава против десет лица од Скопје, вработени во АД Пошта, подружница Чаир, заради постоење на основано сомневање дека сториле кривичните дела “Проневера во службата“ и “Фалсификување службена исправа“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 мај, 2020 16:29

Кривична за десет вработени во АД ,,Пошта“ -украле 1.570.822 денари од сметки на граѓаните

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кривични пријави против десет лица од Скопје за проневера во службата и злоупотреба на службена должнност, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе поднесе кривична пријава против десет лица од Скопје, вработени во АД Пошта, подружница Чаир, заради постоење на основано сомневање дека сториле кривичните дела “Проневера во службата“ и “Фалсификување службена исправа“.

Пријавените, деветмина шалтерски работници во посочената подружница, заедно со нивниот претпоставен десетопријавениот во вкупно 26 наврати во временскиот период од февруари до ноември 2019 година со фалсификување на 26 налози за исплата – Образец ПП40, од лични трансакциски сметки сопственост на 26 физички лица, депоненти во банка од Скопје, неовластено присвоиле туѓи парични средства кои им биле доверени во вршењето на службата и прибавиле противправна имотна корист за сметка на десетопријавениот во вкупен износ од 1.570.822 денари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

Министерството за внатрешни работи и понатаму ќе ги презема сите мерки и активности за спречување на изборен поткуп и влијание врз гласачите. Апелирам до граѓаните да ја пријават секоја активности со која се крши или попречува нивното избирачко право, вели Чулев!

СКАНДАЛ: Сопственик на продавница ветувал на купувачи дека ќе им ги прости долговите ако гласаат за СДСМ

Од страна на Отсекот за економски криминал при Секторот за внатрешни работи Штип во...

Тој на Фејсбук напиша и дека укинувањето на тестирањето и 14-дневната изолација за иселениците е направено благодарение на придонесот на ДУИ во здравствените политики на владата.

Филипче до Зибери: Нема да дозволам политичко поентирање на сметка на епидемијата

Директорот на Центарот за јавно здравје Арбен Зибери ги повика иселениците да дојдат...

Замислете, колку злоба и нечовечност треба да имате за да сторите вакво дело!, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ Струга.

(ФОТО) Директорка на основно училиште во Струга наредила да се уништи Сонцето од Кутлеш

Денес сме сведоци на еден бесрамен вандализам во училиште во Струга! Имено, директорката...