Кривична пријава против поранешната директорка на Клиниката за дерматологија Нина Цаца Билјановска поднесе МВР, која спротивно на препораките од Владата по враќање од Италија не се самоизолирала и пет дена одела на работа иако имала симптоми на Коронавирус.
Денеска техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев извести дека ексдиректорката се вратила од Италија на 29 февруари. Коронавирусот и беше потврден на осми март. Не само што одела на работа иако колегите и велеле дека ги загрозува со нејзината несовесност, таа присуствувала и на симпозиум на кој имало повеќе од 100 здравствени работници. Поради контактот со ексдиректорката блиска до СДСМ, во изолација се околу 200 лица.
-Против неа, како и против сите оние кои не ги почитуваат одлуките на Владата и решенијата за здравствен надзор, односно извршиле прекршување на членовите 205 и 206 од КЗ, е поднесен соодветен поднесок до ОЈО, истакна на денешната прес-конференција министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
Директорката на скопската Клиника за кожни болести, Нина Цаца-Биљановска кај која беше потврдено дека е позитивна на коронавирусот од свои колеги била пријавена во министерството за здравство.
Цаца Билјановска уште се лекува на Клиниката за инфективни болести.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.