За Митевски, кривичната пријава на три дена пред почетокот на предизборната кампања во која тој ќе се бори за нов четврти мандат за градоначалник на општина Петровец е само обид на власта да се оцрни неговото име.

Објавил: Перо Милчин | 24 септември, 2021 17:36

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ И УШТЕ ЧЕТИРИ ЛИЦА

Фото/Текст извор: ©тв24/магазин

Во пресрет на локалните избори градоначалникот на општина Петровец, Борче Митевски, неговиот брат сопственик на фирмите „Аце Транс Компани“ и „ЛЕОМА ТРАНС“ како и уште тројца други и уште две фирми заработија кривични пријави за повеќе кривични дела.

Директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми на денешната прес конференција изјави дека Митевски во периодот од 2012 до 2018 година исплатил пари на 24 фиктивни фактури на фирми на негови блиски од кои две од фирмите се на неговиот брат за наводен транспорт на градежен шут. Со тоа, рече Муареми го оштетиле Буџетот на општината за повеќе од 500.000 евра.  

За Митевски, кривичната пријава на три дена пред почетокот на предизборната кампања во која тој ќе се бори за нов четврти мандат за градоначалник на општина Петровец е  само обид на власта да се оцрни неговото име, пишува тв 24.

За вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски пак, нема дилема. Сеедно што кривичната пријава е поднесена пред кампањата, институциите не може да престанат да работат а правдата, вели тој, не може да чека. 

Од матичната партија на Митевски велат дека Николовски организира политички прогон против кандидат за градоначалник на опозицијата

Криминалниот режим повторно посегнува да креира предизборен притисок врз опозицијата и ја доведува во прашање кредибилноста на целиот изборен процес. Николовски злоупотребува ист предмет за кој што Јавното обвинителство за организиран криминал водено од Вилма Русковска уште во период 2017-2018 година го има истражено, и констатира дека нема криминал и за тој случај нема постапка.“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што информираше Николовски до неговиот кабинет до сега се пристигнати повеќе од 300 поплаки на граѓаните меѓу кои има и такви за актуелни функционери. Муареми пак  призна дека до Финансиската полиција не стигнала ниту една од таквите претставки ниту пак управата добила било каква наредба од надлежна институција да истражува функционерите од власта од поднесените претставки до Владата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Од нив, 1.899 гласачи се од 13-те казненопоправни установи каде гласачките места беа отворени утрово во 7 часот, а каде гласањето ќе трае до 19 часот.

ДИК: Правото на глас денеска може да го искористат 10.653 гласачи

На денот пред локалните избори, денеска своето право на глас можат да го остварат вкупно...

Изградбата на Фотонапонската електрана„Осломеј“, е почеток на иницијативата со која значително ќе се зголеми производството на електрична енергија од обновливи извори, особено од сонцето, и првите киловати електрична енергија од фотоволтаичната електрана од 10 мегавати, инсталирана на површина на сегашната Термоелектрана „Осломеј“, се очекуваат да протечат во наредните неколку месеци.

Заев: ФЕЦ „Осломеј“ ќе биде запаметена како прва енергетска транзиција на електрана на јаглен во капацитет за чиста енергија во регионот

Претседателот на Владата на Зоран Заев, во придружба на раководството на „Електрани...

Ако и по вториот круг од кои било причини не се изврши избор на градоначалник, изборната комисија во рок од 15 дена од завршувањето на изборите ја известува Владата.

Кој ќе биде избран во првиот круг, а кој оди во втор

Во земјава утре се одржуваат Локалните избори 2021 на кои за градоначалничката функција...

Министерот за економија Крешник Бектеши уверува дека состојбата будно се следи и се прават напори цената и по Нова Година да остане на исто ниво.

Струјата ќе поскапи по Нова година, но засега никој не знае за колку

Поскапа струја догодина ќе има, но за колку не знае никој. Надлежните сепак тврдат дека...