СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против А.Б.(33) и 30-годишната А.С., двајцата од село Мелница, општина Чашка, поради постоење основи на сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик.
А.Б., вработен во Управата за водење на матични книги, издавал изводи и поднесувал барања за изводи за лица кои не се присутни во државата, односно за лица државјани на Република Турција, што е спротивно на Законот за водење на матични книги. Тој во период од три години посредувал при поднесување на документација за лица кои сакале да се стекнат со македонско државјанство и од лице се стекнувал со противправна имотна корист од 400 до 800 евра. На тој начин бил оштетен државниот буџет.
Тошковски: Ако еден столар може да плаќа патарина, тогаш може и секој вработен во МВР
А.С., вработена како советник за државјанства во Министерството за внатрешни работи, примала документи – барања за прием во државјанство за лица кои бараат државјанство по потекло, без да бидат присутни и лично да го поднесат барањето, што е спротивно на Законот за државјанство. Таа ја примала целата документација, која претходно била доставувана кај првопријавениот и кој ја доставувал кај неа.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.