Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до Oсновното јавно обвинителство–Скопје поднесе кривична пријава против Б.Т.(68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела “загрозување на сигурноста“ предвидено и казниво по чл.144 ст.4 и „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ предвидено и казниво по чл.394-г од КЗ, стои во соопштнието на МВР.
Пријавениот преку социјалната мрежа Фејсбук на 13.04.2020 објавил статус со навредлива и заканувачка содржина кон претседател на политичка партија.
По ова се огласи и новинарот Бранко Тричковски против кој е поднесена кривичната пријава. Имено тој вели дека во јавноста е познат како сејач на говор на омраза.
Добро, другари, дали е можно типот од оваа драматично соопштение, значи лицето Б.Т. (68), да сум јас. Дали е можно мојата маленкост да го предизвикала вниманието на моќното МВР и тоа сега кога на таа одговорна институција и се падна освен со домашниот криминал, да се бори и против душманската корона!?
Доста елементи говорат во прилог на категорично позитивен одговор на оваа дилема. Прво, моите иницијали се Б.Т., утре да убијам некого, така ќе ме пишат во билтените и во пријавите зашто така е предвидено со строгите протоколи во кои презумпцијата на невиноста е врвна категорија. Второ, и јас сум на 68 години, односно имам точно толку колку што има лицето против кое МВР поднело кривична пријава. И, трето, јас сум познат во јавноста како сејач на говор на омраза, како субјект кој безбедносниот систем на државата го напаѓа како што короната ги напаѓа белите дробови, односно го претворам во стакло и го кршам, па,како расист и антисемит, се сеќавате, почитувани пријатели на последниот антисемитски испад против госпоѓата за која ми се неше сторило како да јаде хумус од мртви Евреи, сакам да кажам дека моето портфолио одговара на описот од кривичната пријава.
И така, додека ме облеваше меката возбуда испрекршена од очекувањата дека јас сум тој, дека сум се изборил за внимание на еден моќен орган, од една страна и можните разочарувања што ќе ме зафатат ако се случи некој друг да ги собере аплаузите од оваа референтно номинирање за личност на денот или ако се случи да наебам во обвинителско судските процеси, па да морам да одам затвор или да бегам зад границата во нечиј гепек или по козји патеки низ мојот шопски крај во Србија или директно во мајка Бугарија, Будимпешта ја отфрлив поради познати причини, ми се појавија на екранот вестите во сите весници, портали и телевизии, во кои се тврди дека Јас сум Тој.
Речиси сите, без резерви, известуваат дека МВР поднело кривична пријава против новинарот и колумнист, Бранко Тричковски. Дури е и наведена инкриминирачката содржина односно конкретниот статус на мојот фејсбук профил кој тука го преобјавувам за нештата да бидат појасни:
Што ќе се случи ако умре Христијан М.
Од корона или од запаление на слепото црево, од излив на мочка во черепот или од некоја друга смрт.
Од куршумот на некој клет душманин.
Може саксија да му падне врз главата или да ја промаши, Христијан М со точка, се разбира, не саксијата, дупката во Триумфекалната капија и да удри во подножјето на македонскиот славолук на поразите.
Што смрди на кучешка урина.
И на пијандурска мочка.
Значи, што ако човекот умре!?
Прашањето е многу сериозно и затоа предлагам да не се задржуваме на вообичаените тралалајки за тоа дека ќе се соочиме со празнина која никој нема да може да ја пополни, блаблабла…На деновите на националната жалост или радост и така натаму. Освен таа дупка, што уште ќе значи за екипата на велепредавничките Патриоти, заминувањето и на балканскиот Гостоковски по бегството на прилепскиот Брејди во Будимпешта.
Државата може да го послуша Кикифрики и да одреди најстроги протоколи за заштита на ова национално богатство, но токму тие протоколи треба да ги предвидат и најлошите варијанти.
Значи, што ако Христијан М. не напушти!?
Ќе чека ли нацијата некаков конгрес на вмро-дпмне, во Солун или во Горна Џумаја, каде било во Македонија, да бира нов претседател, нов лидер. Ќе чека. Добро, ќе чека, но времето нема да чека и не чека. Пред кого ќе одговара Заев. Му ветија на човекот дека ќе одговара. Сите, па и вмро треба да бидат одговорни спрема преземените обврски.
Читате ли вие какви паралели влече Кикифрики: ако некој македонски Освалд односно Ќосевалд, го устрели во Струмица на улица, во авионот со кој ќе го носат неговото тело во Скопјанг, нашиот Линдон веќе треба да положи заклетва над камата и револверот и водечкото мото: смрт или слобода со важна предност за смртта.
Тоа не е само прашање на вмро, тоа е прашање за Македонија. Татковината не смее да остане ниту една секунда без високото лидерство на револуцијата која тече у курац. И затоа, нашиот Линдон мораме да го знаеме веднаш. Не би сакал да се мешам во внатрешните работи на вмро, дури не и на нацијата, но, можеби ќе ми се дозволи едно сосема необврзувачко мислење: Кикифрики би бил добар Џонсон. Не се заебавам. Кикифрики би бил толку добар Линдон што во тоа име Христијан М може да посака да отиде во посета на Струмица. Има Македонија виетнами за бомбардирање, е Фејсбук статусот поради кој новинарот заработи кривична пријава.
Ете, тоа е тоа.
Вака, на прв поглед, мислам дека поголема правна смисла има јас да му поднесам кривична пријава на лидерот на политичката партија поради тоа што одводот во кадата ми личи на неговата глава и јас никако не можам да седнам на таа страна!
Можеби, сепак, можеле да најдат нешто поделикатно, порасистичко, поомразително, вака не им давам многу шанси.
Но, океј, се гледаме, напиша Тричковски во својата објава на Фејсбук.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.