Три кривични дела

Објавил: Калина Мартинска | 21 јануари, 2025 16:10

Кривична пријава за тројца ловџии

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против К.К. и О.И., двајцата од село Моин, гевгелиско и против Д.Т., од село Богородица, гевгелиско, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „незаконит лов”, додека против К.К. и О.И. се поднесени кривични пријави за сторено кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.

На 11.01.2025 кај место викано „Караула Моин“, полициски службеници ги затекнале пријавените со ловечки пушки, при што било констатирано дека истите не поседувале соодветни документи согласно Законот за оружје, односно не поседувале дозволи за лов, а за ловечките пушки пронајдени кај прво и второпријавениот било утврдено дека не поседуваат дозволи за поседување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести