МВР

Објавил: Калина Мартинска | 3 октомври, 2024 17:16

Кривични пријави за Стевчо Јакимоски и уште петмина вработени во општина Карпош

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Градоначалник на Каропш, Стевчо Јакимовски, и петмина вработени во оддел за урбанизам во истата општина добија кривична пријава бидејќи на правно лице кое ги раководело тениски терени и дозволиле истите да ги легализира, иако се времени објекти. Тие се товарат за злоупотреба на злоупотреба на службена положба и овластувања.

Јакимовски, според кривичната пријава поднесена од МВР, потпишал урбанистичка согланост за легализирање на времен објект, иако според Законот за градење и Законот за за утрдување на правен статус на бесправно изградени објекти времен објект, во случајот – тениско игралиште, не може да биде предмет на легализација.

Правното лице, против кое исто така поднесена кривична пријава поднело барање за утврдување на правен статус на бесправен објект, по што петте вработени во општината Карпош извршиле увид на место.

„Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција преземаше предистражни дејствија и во координација со ОСОСК до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Стевчо Јакимовски како Градоначаник на Општина Карпош, пет лица вработени во истата општина во Секторот за урбанизам и правно лице ФЕРШПЕД АД Скопје, сите за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 од КЗ.

Со тоа на правното лице му овозможиле легализацијата на времениот објект со поврзишна од над 3.990 метри квадратни и стекнување на противправна имотна корист во износ два милиони 395.000 евра.

Имено, по поднесено барање за утврдување на правен статус на бесправен објект од страна на пријавеното правно лице, од страна на пријавените пет вработени во Општина Карпош било излезено на лице место, бил изготвен записник за увид на место во кој спротивно на Законот за градење и Законот за утрдување на правен статус на бесправно изградени објекти, констатирале дека наводно објектите за спорт и рекреација-тениски игралишта ги исполнуваат условите за нивна легализација, иако таков вид на објекти се времени објекти и истите не можат да бидат предмет на легализација, по што истите изготвиле и заедно со пријавениот градоначалник потпишале урбанистичка согласност, а по плаќањето на одредениот данок на имот, изготвиле и потпишале решение за утврдување на правен статус на бесправен објект, на кој начин му овозможиле на пријавеното правно лице да ги запише наводно бесправните објекти во вкупна површина од 3993 м2, односно да се стекне со противправна имотна корист во износ од 147.341,700 денари“, се вели во информавцијата на МВР.

Од Општина Карпош преку соопштение ја отфрлаат кривична пријава, нарекувајќи ја тенденциозна, злонамерна и политички мотивирана. Според Општината предметот за легализација на спортските објекти на „Александар Палас“ бил решен согласно законските прописи.

Од Општината наведуваат дека за тениски терени, изградени на територија на општина Карпош во времето на владата на Никола Груевски, е издадено одобрение за градба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.