Тој вели дека датумот на преговори зависи од борбата против корупцијата и исполнувањето на реформите.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 јули, 2019 20:22

КРИСТИАН ТИМОНИЕ ДОБИЛ ШОК ОД АФЕРАТА “РЕКЕТ”

Фото/Текст извор: ©алсат

Францускиот амбасадор Кристиан Тимоние во интервју за Алсат ја нагласува потребата за целосна истрага за случајот Рекет со цел да се врати довербата во правдата и во институциите. Тимоние, исто така, смета дека е добро решение спојувањето на Специјалното обвинителство со Обвинителството за организиран криминал.

Тој вели дека датумот на преговори зависи од борбата против корупцијата и исполнувањето на реформите.

Прашање: Како ја коментирате неодамнешниот афера што ја потресе земјата, случајот “Рекет” и наводите за евентуално вклучување на главниот обвинител во оставка Катица Јанева во овој случај?

„За нас тоа беше шок, од кој се стаписавме, како и македонската јавност…Тешко е да се предвидат сите можни исходи во овој момент. Сепак, сметаме дека тоа е тежок и многу важен случај, бидејќи во времето кога го направивме Пржинскиот Договор, и ние заедно со другите претставници, присуствувавме кога беше формирано Специјалното јавно обвинителство. Тоа беше важен елемент во обновувањето и враќањето на кредибилитетот на државата и судството.

Од обвинувањата што ги слушаме за ова прашање може да се заклучат две работи: или станува збор за клевета која мора да се повлече во интерес на засегнатото лице, како и во интерес на институцијата или тоа е нешто што треба да биде подлабоко истражено.
Јасно е дека за доброто на државата, заради правдата, мора да се направи темелна и вистинска истрага, за да нема простор за загриженост што би биле штетни за сите“, вели Тимоние.

Прашање: Владата предлага СЈО да се спои во обвинителството за организиран криминал и да го води обвинителката Вилма Рускоска? Дали мислите дека владиното решение е најдоброто можно за иднината на обвинителството и случаите што ги истражуваше?

Јас веќе истакнав дека самото СЈО во себе содржи степен на опасност. Би било позитивно доколку надлежноста на ова институција биде под редовниот судски систем. Многу аналитичари го побараа тоа, а исто и опозицијата. Ова е добра вест и добар знак, дискусиите и забелешките кои би биле на оваа тема, како и опасностите кои произлегоа од последниот случај, можат да доведат до позитивни резултати, додава Тимоние.

Прашање: Колку овие афери и немањето решение за СЈО може да влијае во одлуката на Франција во однос на доделувањето на датум за преговори?

„Имиџот за Балканот кој преовладува кај населението во Франција, е имиџ на еден регион каде има насилство и корупција…случаите за кои зборувавме, за жал не водат кон подобрување на таа слика која секако не е единствената кога зборуваме за овој регион, но треба да тргнеме од оваа гледна точка. Постои цел список на точки за борбата против корупција, двоење на партијата од државата, реформите во администрација и во сферата на медиумите. Сите овие точки за жал се во суштината на случајот за кој зборувавме.

Во наредниот период можеби ќе се најде решение за сите нив во рамки на законот. Јас мислам дека две работи треба да се земаат предвид. Прво, во врска со рекетот, телевизијата и наводните врски со политичарите, треба да се види како ќе се решат овие прашања во првиот конкретен случај.

Втората работа се однесува на тоа која ќе биде реакцијата на вмешаните политички партии за да најдат издржано решение кое ќе ја врати довербата кај луѓето тука, во Северна Македонија и нашата доверба, во владеењето на правото. Јас не можам да предвидам какви одговори ќе бидат дадени. Се уште има време да се реагира за да се врати довербата. Сигурно е дека чекаме да се случи нешто, вели Тимоние.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

Откажани настапи, јавен линч, но и поддршка од блиски пријатели. Зад поп ѕвездата Тамара Тодевска остана турбулентен период кој веруваме дека никогаш нема да го заборави.

ХУМАНИОТ БОКИ 13 ЈА ИЗВИСИ ТАМАРА: Од ветените 10 илјади евра за Евровизија ни трага ни глас!

Од Евровизиска ѕвезда која и донесе историски успех на нашата земја на престижниот...

Голем број правни експерти се вознемирија кога реков дека имам документи, кои се тие материјали, што се и слично., вели Мицкоски.

МИЦКОСКИ: „На Зоран Заев не му одговара расчистување на криминалот во овие три години„

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото гостување во 360 степени...

Да сум јас советник на Заев и да знам се што знам веднаш би го посоветувал да поднесе оставка.

ГЕЈСЕР ЗА ЗАЕВ: “Порано или подоцна тој ќе мора да си замине – ЗАЕВ е минато и меѓународно е МРТОВ”

Српскиот весник „Ало“ објави интервју со Ларис Гејсер, кого го нарекува „Човекот...