Бразил исто така забележа 43.412 нови случаи на коронавирус. Вкупно 3.804.803 лица досега биле заразени со вирусот корона во Бразил, пренесува Ројтерс.

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 август, 2020 11:49

КОРОНА НЕ СТИВНУВА: За 24 часа во Бразил умреа 855 луѓе, Перу ја продолжи вонредната состојба поради епидемија (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Бразил, 855 лица починаа од последиците на вирусот корона во изминатите 24 часа, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 119.504, објави Министерството за здравство на таа земја.

Бразил исто така забележа 43.412 нови случаи на коронавирус. Вкупно 3.804.803 лица досега биле заразени со вирусот корона во Бразил, пренесува Ројтерс.

Бразил е на второ место во светот според бројот на заразени и умрени од последиците на вирусот корона, по САД, кои имаат повеќе од шест милиони заразени и над 185.000 смртни случаи.

ПЕРУ

Перуанските власти ја продолжија вонредната состојба прогласена поради епидемијата на вирусот корона до 30 септември, објави државниот весник „Перуано“.

Според таа одлука, мерката за забрана за излегување ќе остане на сила во оние области каде што е регистрирано зголемување на бројот на заразени лица, пренесува агенцијата ТАС С.

На граѓаните им е дозволено да ги напуштат своите домови само во најнеопходните ситуации од понеделник до сабота. Во недела, и за време на полицискиот час, кој трае од 20 до 4 часот наутро, сите мора да останат дома.

Перуанскиот претседател Мартин Вискара прогласи вонредна состојба во земјата кон средината на март, поради епидемијата на вирусот корона. Оттогаш, властите ја продолжуваа вонредната состојба неколку пати.

Според перуанското Министерство за здравство, повеќе од 620.000 лица биле заразени, а 28.000 починале.

http://https://www.youtube.com/watch?v=tTLGzpAYf54&feature=emb_title

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...