Поројниот дожд што попладнево го зафати Куманово предизвика проблеми во повеќе населби во градот. Според првичните информации од Регионалниот центар за управување со кризи, поплавени се куќи во населбата „Перо Чичо“ и во селото Доброшане, како и подрумски простории, гаражи и дворови зад гимназијата и на дел од булеварите.

Објавил: Валерија Петрова | 17 јуни, 2019 18:21

Куманово под вода – поплавени куќи подрумски простории, гаражи и булевари

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Најавуваното време денеска ја зафати речсии цела Македонија. Во Куманово ситуацијата е најалрмантна.

Поројниот дожд што попладнево го зафати Куманово предизвика проблеми во повеќе населби во градот. Според првичните информации од Регионалниот центар за управување со кризи, поплавени се куќи во населбата „Перо Чичо“ и во селото Доброшане, како и подрумски простории, гаражи и дворови зад гимназијата и на дел од булеварите.

Првичните информации од оперативците на РЦУК Куманово се дека се појавило и странично свлечиште на улицата „Титова Митровачка“ за што се информирани надлежните институции.

– Екипите на „Водовод“ веќе се на терен и се обидуваат да ја исцрпат водата од поплавените простори, изјави директорот на претпријатието Горан Стојковски.

Поројниот дожд го зафати Куманово пред 15 часот и непрекинато врнеше речиси еден час со силен интензитет и силни електрични празнења.

Исто така од АМСМ информираат дека на патот Делчево – Македонска Каменива има одрони.

– Поради одрони, сообраќајот на регионалниот пат Делчево- Македонска Каменица се одвива по една сообраќајна лента., соопшти попладнево Авто мото сојузот на Македонија.

Оттаму информираат дека се преземаат мерки за расчистување на коловозот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време