Македонија
Политика
После Рашковски, најдобриот другар на Заев, и кумашинот на Заев Мухамед Зекири, фатен во криминал.
Заедничкото за овие двајца освен што се луѓе од доверба на Заев, беа и генерални секретари на владите на заевизмот. Веројатно шемата е иста, преку матни зделки милиони народни пари да се одлеваат во приватни џебови.
Еден Рашковски заменет со друг Зекири и двајцата фатени во апашлук, вели ВМРО-ДПМНЕ.
„Ако Рашковски правел криминогени далавери со софтвер кој сам на себе си го продаваше со народни пари, сега во случајот со Зекири е правена студија за продажба на Македонска пошта во износ од близу милион евра, без да има тендер.
Додека Македонска пошта има нередовни плати, Зекири направил милионска зделка и ја доделил на негови партнери од Хрватска, а за возврат добиваат “семинарски труд“.
Како и Рашковски, така и Зекири ова не го правеле на своја рака, туку зад ова седи ликот кој е капо ди тути капи на мафијата.
Ете затоа народот осиромашува, а елитата на власт од СДСМ и ДУИ продуцира милионери од обични голтари.
Следниот пат кога владата на СДСМ и ДУИ ќе убедуваат дека нема пари за поголеми плати на наставниците и дека тоа ќе предизвика инфлација, нека одговорат како милиони евра завршуваат на софтвери, студии, матни зделки и набавки“; се вели во соопштението на опозицијата!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести



Останати вести од Политика
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.