
Македонија
Фејсбук
Актерката Софија Куновска на социјалните мрежи напиша дека е неопходно СДСМ, што поскоро да биде вратен во рацете на чесното членство.
Куновска напиша статус на Фејсбук во која вели дека СДСМ како силен, способен и одговорен субјект и е потребен на Македонија.
-СДСМ е во алертна фаза во која е неопходно што поскоро да биде вратен назад во рацете на чесното членство. Угледот и образот на секој чесен член секојдневно незаслужено се валка заради алчноста, недораснатоста и неодговорноста на двоецот Заев-Шекеринска. СДСМ како силен, способен и одговорен субјект и е потребен на Македонија, напиша Куновска.
Куновска пред неколку недели напиша дека Македонија денес е жртва на сопствениот однос кон интелектуалната елита, односно сведувањето на луѓето од образованието и културата на наемни работници кои не можат да ја обезбедат својата основна егзистенција.
Затоа истите не се критичка јавност која е совест на општеството туку во голема мера, понизни слуги на некоја политичка елита, пишуваше Куновска.
Софија Куновска беше член на СДСМ. Во текот на својата политичка кариера била член на Советот на Град Скопје, додека во периодот од 2014 до 2016 година била пратеник во Собранието на Република Македонија.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.