Не постои Министер во владата на Албанија или Косово кој не знае и не зборува албански јазик, логично.

Објавил: Сара Фемина | 8 ноември, 2019 15:36

КУПИ ДЕН ПОМИНИ: Ова се државните функционери кои не знаат ни „М“ од македонскиот јазик, а седат на министерските фотељи!

Фото/Текст извор: ©алфа

Не знаат македонски јазик , ама ја водат државата. Министерот за животна средина , Насер Нуредини говори на англиски, заради тоа што не знае македонски, пишува Алфа.мк.

Нуредини го води едно од најзначајните минстерства , во моменти кога загадувањето е алармантно, па новинарите бараат одговори, арно ама не ги добиваат.

Министерот или не сака да зборува или зборува на англиски јазик, македонскиот по малку го разбирал ама не го говорел.
Министерот за животна средина Насер Нуредини, оди по стапките на претходникот Садула Дураку, пишува Алфа.мк.

И тој едвај говореше македонски . Додека беше Mинстер за екологија кажа дека не го интересираат граѓаните , па потоа се вадеше на лошиот говор на македонскиот јазик.

Во една прилика тој и одби да го користи македонскиот пред новинарите, затоа што не го признавал за службен. Во Министерството за животна средина не се снајде па доби прекоманда и стана Министер за политички систем и односи меѓу заедниците.
Во време кога Македонија е постојано критикувана дека не прави се за да им ги задоволи правата на Албанците, особено кога станува збор за јазикот, ние имаме министри кои не го ни знаат македонскиот јазик. Не постои Министер во владата на Албанија или Косово кој не знае и не зборува албански јазик, логично.
Па дури и претставниците на српската заедница на Косово го знаат албанскиот јазик.

Секако ова се подразбира и за владините функционери во Тирана. Не е ниту луксуз, ниту особена желба, туку едноставно функционер на Влада во една држава мора по закон да го зборува официјалниот јазик. По кој закон тогаш во владините фотељи седат министри како Нуредини?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Апелациониот суд Скопје ги укина пресудите за предметот „Титаник 2“ против Сашо Мијалков, Мендух Тачи, Бедредин Ибраими и тројца поранешни членови на Државната изборна комисија од ВМРО-ДПМНЕ, дознава неофицијално СДК.

Апелација ја укина пресудата за Мијалков за „Титаник 2“

Предметот за Мијалков и Тачи во случајот Титаник 2 се вратени на повторно судење по...