Зошто АД МЕПСО не ја активирал ТЕЦ Неготино која е резерва за вакви случаеви на криза, а според законот е под негова надлежност и за тоа има финансиски издатоци спрема ТЕЦ Неготино како ладна резерва?

Објавил: Перо Милчин | 26 октомври, 2021 21:18

Куштрим Рамадани и Васко Ковачески мора да понесат одговорност за енергетската криза

Фото/Текст извор: ©магазин

Уште минатата година, Левица предупредуваше дека со ваква лоша кадровска политика во енегетските компании и немање реална и спроведлива енергетска стратегија, државата ќе се доведе до колапс, што деновиве и се случи.

Недомаќинското трошење на водните ресурси, како и лошото менаџирање со ископите на јаглен, нѐ доведе до ситуација државата да се задолжува со речиси два милиони (!) евра дневно за електрична енергија, која воедно БЕСПРАВНО се презема од системите на соседните земји, како што објави самиот директор на МЕПСО, поставен од ДУИ – Куштрим Рамадани.

Поради ваквата ситуација на бесправно преземање електрична енергија, дозволивме да бидеме дисциплинирани од страна на Европската мрежа на систем оператори, како држава која го нарушува европскиот систем за пренос на електрична енергија.

Левица повторно акцентира дека за ваквата состојба во која се најде Република Македонија, виновниците имаат име и презиме и Владата не може да се амнестира, повикувајќи се на “лошата” хидролошка година, бидејќи хидроакумулациите не се испразнија со испарување на водата – туку со нестручно, несовесно и лукративноменаџирање на раководниот кадар поставен токму од Владата!

Јавно прашуваме:

Зошто Електрани на Македонија (ЕСМ) и директорот Васко Ковачевски не можат да произведат доволно струја за да ги задоволат потребите на Универзалниот снабдувач ЕВН Хоме?

Зошто АД МЕПСО не ги набавил кусоците на електрична енергија во системот, за кој и по закон е задолжен?

Зошто АД МЕПСО не ја активирал ТЕЦ Неготино која е резерва за вакви случаеви на криза, а според законот е под негова надлежност и за тоа има финансиски издатоци спрема ТЕЦ Неготино како ладна резерва?

Од каде ќе се обезбедат овие два милиони евра кои дневно се трошат со бесправно преземање на електрична енергија?

Не дали, туку колку Владата ќе ја зголеми цената на електричната енергија за граѓаните, поради сопствената лоша кадровска политика во енергетските компании?

Дали Владата ќе ги послуша советите на нејзините “експерти” за електрична енергија, од типот на Кочо Анѓушев, па овие пари да се платат од буџетот на државата преку повторно задолжување, за само привремено да се постигне привиден социјален мир и заташкување на енергетската катастрофа, со што проблемот би го наследила следната Влада?

Левица потсетува дека многу брзо ќе дојде времето кога секој ќе одговара за сопствените постапки и нема да може да се сокриваат под плаштот на колективна одговорност, како што ни се случува денеска. Владата во пад е должна да ги преземе сите мерки за справување со ситуацијата во која е доведена државата, токму од нејзините кадри, за да се спречи катастрофата која ни престои во текот на зимските месеци.

Партија Левица

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Утринава бил сослушан и сопственикот на превозната фирма „Беса Транс“ и тој е достапен за македонските истражни органи, соопштија од македонското и од бугарското обвинителство. Дали за него ќе следува мерка притвор, ќе одлучува надлежниот јавен обвинител.

Соптвеникот на „Беса транс“ бил на распит, бугарското обвинителство најави расчистување на случајот

Државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите...

Министерот за транспорт и врски, Бочварски откри и дека автобусот на Беса Транс користел извод од лиценца на друг автобус, а попладнево кажа дека ниту еден од возачите кои го управувале автобусот на „Беса Транс“ кој изгоре, не бил вработен во компанијата

ТРАГЕДИЈАТА СО „БЕСА ТРАНС“ ОТКРИВА И ГОЛЕМИ СИСТЕМСКИ ПРОПУСТИ ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ ВО ДРЖАВА

Владата како најодговорна за изнаоѓање на фирма која ќе се грижи за софтверот за полагање...

„Според бугарското обвинителство се спасиле 8 патници и дека тоа го забележал сведок. Што се однесува до списокот, во кој недостасува лице од ОАЕ, и за кое се вели дека е осмиот патник, немаме таква информација се уште. Од тоа што знам е дека патниците често ги менувале седиштата од еден во друг автобус, кога одмарале на бензински пумпи. Не знаеме какво ќе биде својството во постапката на сопственикот на компанијата, информира Јовески.

Јовески: Нема траги од експлозив на автобусот

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна...