Свет
Косово
Мировната мисија на ОН предводена од НАТО на Косово (КФОР) соопшти дека внимателно ги следи настаните на северот на покраината и додаде дека е во близок контакт со претставниците на Приштина и српските сили, пренесува „Репортери“.
Според „Репортери“, од КФОР не одговориле дали ќе учествуваат во отстранувањето на барикадите на северот.
КФОР останува исклучително буден и целосно способен да го спроведе својот мандат на ОН за обезбедување безбедна средина и слобода на движење за сите заедници кои живеат на Косово.
Тоа вклучува зголемување на патролите на северот на Косово, во тесна соработка со косовската полиција и ЕУЛЕКС“, се наведува во соопштението.
Барикадите на Србите кои протестираат поради апсењето на поранешниот полицаец Дејан Пантиќ влегуваат во својот петти ден.
Северот на Косово исто така беше блокиран од косовската полиција, а преминувањето на премините Брњак и Јариње не може ниту пеш, пренесува Танјуг.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Косово
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.