Целта е да им се обезбеди опција на нашите патници кои утре заминуваат кон дестинациите во Германија, со цел тие да имаат доволно време да извршат брз антиген тест, пред да влезат во зградата на аеродромот и да почнат со аеродромските процедури, ако тестот веќе не го направиле пред нивното пристигнување на аеродромот.

Објавил: Перо Милчин | 23 јануари, 2021 21:55

ЛАБОРАТОРИЈАТА ЖАН МИТРЕВ ПОЧНУВА СО БРЗИ АНТИГЕН ТЕСТОВИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ АЕРОДРОМ СКОПЈЕ ОД УТРЕ, 24-ТИ ЈАНУАРИ!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

КОВИД-19-ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПАТНИЦИТЕ: ЛАБОРАТОРИЈАТА ЖАН МИТРЕВ ПОЧНУВА СО БРЗИ АНТИГЕН ТЕСТОВИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ АЕРОДРОМ СКОПЈЕ ОД УТРЕ, 24-ТИ ЈАНУАРИ!

TAV Македонија најде решение за барањето за брзи антиген тестови направени непосредно пред заминувањето на патникот.

👉Почнувајќи од утре, недела, 24-ти јануари, лабораторијата „Жан Митрев” ќе распореди свое мобилно амбулантно возило за тестирање пред терминалната зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје, во близина на единствениот отворен влез за патници „Departures C“, каде што патниците ќе можат да го извршат потребниот брз антиген тест и да го добијат резултатот за 15 до 20 минути од земањето примерок.

👉Подвижното возило за тестирање на „Жан Митрев” Лабораторијата за генетика и персонализирана медицина и Центарот за истражување применета микробиологија и биотехнологија, ќе биде присутно на Меѓународниот Аеродром Скопје, утре недела (24.01. 2020), од 9 до 15 часот, следејќи го редовниот дневен распоред на летови: http://skp.airports.com.mk/en-EN/flights/departure-flights

✅Целта е да им се обезбеди опција на нашите патници кои утре заминуваат кон дестинациите во Германија, со цел тие да имаат доволно време да извршат брз антиген тест, пред да влезат во зградата на аеродромот и да почнат со аеродромските процедури, ако тестот веќе не го направиле пред нивното пристигнување на аеродромот.

👉Подвижното амбулантно возило за брзо антиген-тестирање на лабораторијата „Жан Митрев”, ќе биде присутно на скопскиот аеродром и во следните денови, следејќи ги времињата на летовите до дестинациите/земјите коишто ги воведоа новите ограничувања за патување.

👉За повеќе детали во врска со самиот тест, ве молиме контактирајте ја лабораторијата „Жан Митрев“, на телефонскиот број +389 2 3091484 (од 8 до 19 часот од понеделник до петок; од 8 до 15 часот за време на викендите) како и преку другите контакти достапни на нивната веб-страница:

https://zmc.mk/en/services/microbiological-laboratory/, додека за повеќе информации во врска со тестовите што ги прифаќаат земјите од ЕУ/Шенген, ве молиме контактирајте ја Амбасадата на земјата на вашето пристигнување.

⚠️Доколку одлучите да направите брз антиген тест на Меѓународниот Аеродром Скопје, со цел да не се создава метеж пред аеродромската зграда, апелираме да пристигнете на аеродром навреме, најмалку 3 часа пред времето на полетување.

➡️Како што објавивме вчера, од 24-ти јануари, Холандија бара негативен брз антиген тест не постар од 4 часа пред качување во авион, како дополнување на нивното барање за негативен PCR-тест кое е валидно од 29-ти декември 2020 година (следниот лет од скопскиот аеродром до Ајндховен е на 29 јануари);

Германија бара негативен КОВИД-19 тест не постар од 48 часа и притоа ги прифаќа следните тестови: PCR, LAMP (loop-mediated isothermal amplification) и TMA (transcription-mediated amplification); Франција бара негативен PCR-тест не постар од 72 часа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Друштвото во Стајковци било многу поголемо од приведените, но многумина успеале да избегаат во моментот кога полицијата влегла во објектот.

Приведени Миленко, Александар Пандов и Владимир Панчевски, пред полноќ биле во кафеана во Стајковци

Полицијата синоќа привела дваесетмина луѓе кои во кафеана во скопско Стајковци не...

Тој рече дека само со владеење на правото може да се спроведат реформите и во другите области, со цел рамноправност со развиените земји.

Премиерот Заев за случајот Таргет-Тврдина: Испратена е пораката дека системот функционира

„Треба да знаат граѓаните дека сме на добар пат во јакнењето на правниот систем“,...