
Македонија
Здравство
Лабораторијата за вирусологија при Институтот за јавно здравје е меѓународно оценета со максимален успех на надворешниот тест на компетентност за детекција на ковид-19, објави на социјалните мрежи, министерот за здравство Венко Филипче!
Ова е исклучително значајно признание со кое се потврдуваат заложбите на здравствениот систем за справување со коронавирусот.

Горд сум на сите вработени во Институтот за пожртвуваната работа и давање максимум од себе за грижа кон граѓаните и борба со пандемијата, потенцираше Филипче!
Инаку вчера беа направени 1404 тестирања, а регистрирани се 98 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 50
-Куманово 6
-Штип 4
-Прилеп 5
-Тетово 7
-Струга 3
-Велес 1
-Битола 4
-Охрид 2
-Гостивар 1
-Струмица 9
-Крива Паланка 1
-Кочани 1
-Берово 1
-Делчево 2
-Кичево 1
Починати се 9 лица, од Крива Паланка (52г), двајца од Гостивар (60г и 62г), од Куманово (60г), од Велес (70г), двајца од Скопје (71г и 23г), двајца од Струмица (29г и 44г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 104 оздравени пациенти од:
-Скопје 46
-Штип 6
-Прилеп 8
-Тетово 9
-Велес 1
-Охрид 3
-Гевгелија 1
-Струмица 2
-Крива Паланка 2
-Кочани 2
-Македонски Брод 5
-Пехчево 4
-Берово 4
-Виница 2
-Делчево 6
-Свети Николе 1
-Кичево 2
Досега во земјата се направени вкупно 167.760 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15925, бројката на оздравени пациенти е 13418, на починати е 661, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1846!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.