Заедно со ЕУ тоа се системите кон кои ние единствено се стремиме, но воедно тоа не значи дека немаме право да ги почитуваме и да се бориме за нашите македонски, повторувам македонски национални интереси кои се нашиот базичен темел, наше право и долг кон Македонија.

Објавил: Владо Марин | 12 јуни, 2021 21:07

Лагите на СДСМ околу црните листи се последица на рејтингот на Заев кој драматично паѓа поради криминалот и корупцијата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Не ме прашувајте дали сум подготвен да ги бранам националните интереси на државата, планирајте бланко дека сум на браникот на националните интереси, рече Христијан Мицкоски на 30-от роденден на УМС.

Ви се обраќам овде од Хераклеа, од местото кое не само што сведочи за историјата, туку од денес натаму ќе покажува светоглед кон иднината, затоа што од тука започнува големата победа на ВМРО-ДПМЕ и затоа слоганот на овој 30 роденден на УМС е „Ние сме иднината“. Запаметете го овој слоган „Ние сме иднината“, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Кога се договaравме со Сергеј за одржувањето на оваа годишна конференција, еден од соработниците ми посочи дека можно е времето да е врнежливо и постои ризик луѓето да се поколебаат поради можната бура. Бев сигурен дека Хераклеа ќе биде полна, но и дека ќе грми, ќе грми од млади грла чии срца татнат за Македонија, за промени и за нова, сигурна иднина.

А што е еден дожд, кога Македонија е во прашање? Затоа УМС – Ние сме иднината, наша е оваа борба која е битка на нашата генерација, судбоносна борба за правдини, за подобар живот и за она што е наше право, наш долг и наш завет, а тоа е ни помалку, ни повеќе Македонија.

Ако ВМРО е чуварот на Македонија, Унијата на младите сили е чуварот и моторот на ВМРО-ДПМНЕ цели 30 години.

30 години расадник на кадри, двигател и енергија на промените, авангарда која трае, иднината на нашата партија, но поважно – иднината на нашата Македонија. И затоа и за мене, но и за секој еден член УМС е повеќе од тело во партијата, таа е емоција, спомени, дружби, арчење за идеја. Први на барикадите, протестите, први во судирот со мафијата. Први во бунтот за нашата Македонија!

Затоа, УМС, честит и вековит да ти е роденденот! Сакам да ви го посакам да продолжите да бидете свои, да бидете слободни, дабидете бунтовни. Да не престанете да сонувате и да се борите за свои идеи. Да ја сакате слободата, правдата, да се борите за промените во земјата, да се борите за она што е ваше право, но и обврска.

И секогаш, секогаш ќе ја имате мојата поддршка. Бидете силни, бидете енергични, народот во нас гледа шанса за промени и решенија од тешкиот живот. И не смееме да ги разочараме. Едноставно не смееме и го немаме тоа право. Затоа ќе бидеме заедно на улиците и на теренот, заедно ќе се бориме, ќе тагуваме, но многу повеќе ќе се радуваме и заедно ќе победиме. Ќе победиме и заради сите удари што ги добивме и не’ направија посилни. Ќе победиме за сите сопки, потценувања, омаловажувања кои не направија подостоинствени и посигурни. Заради сите скептици, платени или не, но ќе победиме највеќе за сите чесни луѓе кои во нас гледаат надеж. Топката е во наши нозе, а ние ќе даваме голови.

УМС, Дали сте подготвени? Дали сте подготвени да ве прашам уште еднаш? За кого? За кого да не слушнат?!

Драги пријатели, браќа и сестри,

Гледам во изминативе неколку дена почна еден чуден вештачки натпревар во дел од медиумите, за тоа кој бил со едните или кој бил со другите. Па дури и дел од оние пара-аналитичари почнаа да ни редат и зборови во уста, па тие самите да пишуваат некаква црна листа. И нормално во вештачкиот лажен амбиент создаден од лажните кујни на власта на прво место им е ВМРО-ДПМНЕ па 10 празни места, демек тоа е тоа. А делот во одлуката на претседателот Бајден каде јасно кажува дека се однесува и на корупција и криминал која се знае дека е широко распространет, стимулиран и заштитен од власта, не кажуваат ниту збор. Нема толку хартија, колку што има криминалци и корумпирани политичари во власта за  таа црна листа.

Не ќе е ниту до тоа и дека не ги знаат нашите прозападни ориентации, или пак до толку да се незнајковци по историја па да не ја знаат генезата на ВМРО и дека во својата основа ја има борбата за своја Република, во време кога во Европа владеаја монархии и дека слободата и човечките правдини се нашето ново верују.

И ми стана јасно што е причината за таквиот натпревар. Нема тешка филозофија, до рејтингот е.

Заев драматично губи, а разликата се зголемува. Нема човек кој мисли добро за оваа Влада и кој не е разочаран. И токму затоа адутот на Заев се парите за поткуп, заштита на криминалот и лагите за опозицијата.

Но, да се вратам кусо и на надворешната политика и ќе одговорам директно. ВМРО-ДПМНЕ ги почитува стратешките интереси на стратешките партнери.

Заедно со ЕУ тоа се системите кон кои ние единствено се стремиме, но воедно тоа не значи дека немаме право да ги почитуваме и да се бориме за нашите македонски, повторувам македонски национални интереси кои се нашиот базичен темел, наше право и долг кон Македонија. Таа борба за мене е завет. ВМРО-ДПМНЕ е народна партија и секогаш била и ќе остане народна партија, потенцираше Мицкоски!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Настани

Цвеќиња ќе положат и делегации на Собранието и Претседателот на државата, како и претставници на политичките партии.

Чествувањето на Илинден 2021 во Меморијален центар АСНОМ во Пелинце (Во живо)

Оваа година на 2 Август – Денот на Републиката во Пелинце говор ќе одржи премиерот...

На поканата на Пендаровски за прославата позитивно одговорил лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Претседателот во Крушево го очекува и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Претседателот ги кани сите политички лидери за Илинден на Мечкин камен

Стево Пендаровски од годинава најави нов концепт на прослава за 2 август. На прославата...

Претседателот Мицкоски истакна дека со оваа реформа ќе се овозможи кратење на времето за кое граѓаните чекаат за услугите, но и ќе се прекине со уцените и злоупотребите.

Мицкоски: Дигитализација на услугите на општините за ефикасност, нема да има чекање со месеци за одреден документ

Дигитализација на услугите на општините за ефикасност и ефективност, за граѓаните...