Лазански: НАТО го добива Криволак, а Македонија станува депонија за радиоактивна муниција

Објавил: Сања Кукиќ | 11 февруари, 2019 11:17

Лазански-Македонија се понижи за да влезе во НАТО

Фото/Текст извор: ©онлине-магазин

Српскиот воено-политички аналитичар Мирослав Лазански вели дека прифаќањето на Македонија да се понижи со промена на името заради влез во НАТО е тажен настан, кој ќе ја претвори Македонија во депонија за радиоактивна муниција.

Македонија се согласи да биде понижена заради влезот во НАТО, односно не сите Македонци, туку дел од политичката елита се согласи државата да го смени името заради светлата иднина во Атлантски пакт. Единствената бивша југорепублика која по распадот на СФРЈ си го промени името. И тоа два пати, со што Македонија стана светски рекордер во менување на името на земјата. Како тоа ќе го забележи историјата останува да се види, главно за мене, кој воениот рок во ЈНА го служев во Битола, ова е тажен настан. Не поради влегувањето на Македонија во НАТО, таа веќе со години е неформална членка на тој сојуз, туку поради фактот дека една држава се согласува да си го промени името за да му пристапи на еден воен сојуз. Нечуено…, пишува Лазански во својата колумна во српскиот весник „Политика”.

Во колумна во „Политика“ Лазански, кој е редовен колумнист во српскиот весник, пишува дека со формалното пристапување на Македонија во НАТО, пред сè, добива НАТО – го добива Криволак.

Што добива НАТО со влегувањето во членство на Македонија? Пред сè, воениот полигон Криволак, единствен полигон во Европа каде што се можни вежби со некои видови вистински бојни отрови. Ќе гаѓаат ли сега американските авиони А-10 цели на Криволак со муниција со осиромашен ураниум? Се разбира, бидејќи кој во Скопје би можел да му постави такво прашање на големиот сојузник? Никој. Ќе бидат среќни ако големиот сојузник им вети дека Албанците еден ден нема да им ја растурат државата. Сè што добива Скопје со влегувањето во НАТО е тоа ветување. Усно, не и на хартија, додава тој.

Освен Криволак, пишува Лазански, НАТО го добива на користење и цивилно-воениот аеродром во Петровец кај Скопје.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Народниот правобранител известува дека ќе бидат отворени сите седум канцеларии на Народниот правобранител во: Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и во Штип

Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачкото право

Во недела, на денот на шестите претседателски избори по ред во канцеларијата на Народниoт...

На полноќ започнува молкот во цела Македонија за претседателските но  и предвремените локални избори во општините Охрид, Дебар и Ново Село и почнува изборниот молк.

Завршува кампањата на претседателските кандидати, од полноќ започнува предизборен молк

Денеска на полноќ завршува кампања за шестите претседателски избори по ред кои ќе...