Македонската ракометна репрезентација со драматична победа против Украина влезе во Европското првенство на кое групниот сегмент го игра во Виена. Голот за тирумф од 26-25 го постигна капитенот Кирил Лазаров.

Објавил: Сара Фемина | 10 јануари, 2020 22:45

ЛАЗАРОВ ТОТАЛНО ГИ ИЗЛУДЕ УКРАИНЦИТЕ: Во последна секунда ја однесе Македонија во ПОБЕДА

Фото/Текст извор: ©24 ракомет

Македонија има двајца свои херои на првиот натпревар на Европското првенство. Голманот Никола Митревски бранеше неверојатно, а капитенот Кирил Лазаров со голот постигнат во последната секунда донесе победа од 26:25 за први бодови на Македонија на Европското првенство.

Почетокот на средбата донесе неколку погодоци набрзина, а потоа после петте ефикасни минути имаше пет минути во кои немаше ниту еден погодок. Македонија беше во постојана предност, а на средина од првото полувреме стигна и до плус три.

После 6:3 следуваа минути во кои водството се зголемуваше и веќе во 20. минута резултатот беше 10:6. Тука дојдоа најлошите минути во кои поради поради неефикасност противникот намали на 10:9.

Почетокот на средбата донесе неколку погодоци набрзина, а потоа после петте ефикасни минути имаше пет минути во кои немаше ниту еден погодок. Македонија беше во постојана предност, а на средина од првото полувреме стигна и до плус три.

Во тие моменти конечно дојде до будење во нападот, па тоа резултираше со враќање на водството од три гола кое беше зачувано до крајот од првото полувреме, а на паузата се замина со резултат 13:10.

Стартот на второто полувреме донесе брзо зголемување на предноста на пет гола. Македонија поведе со 17:12. Противникот успеа да намали и да фати приклучок, но после ова следуваше период во кој имаше многу погодоци. Се редеа стрелците и на двете страни и покажуваа кој колку е расположен за игра, па бројот на погодоци само се зголемуваше.
Таквата игра не ни одговараше што се виде и од резултатот кога на 15 минути до крајот резултатот беше 21:19. Украина одново намали и се врати во игра на овој дуел, па мораше да се поправа.

Место тоа со нова грешка и се даде шанса на Украина уште повеќе да намали, па во 46. минута беше 21:20.

После тајм-аутот за момент делуваше дека работите се враќаат под контрола со брз гол од Лазаров. Следуваа и две интервенции на Митревски, но место да се зголеми предноста следуваа две грешки, па во 49. минута се дојде до нерешени 22:22 што ги врати работите на почеток.

Битката продолжи до крај бидејќи во ниту еден момент немаше сигурност дека победата е обезбедена, но затоа секоја грешка направена во нападот беше неутрализирана со одбрана на Никола Митревски кој во завршницата од мечот почна да ги излудува Украинците.

На две минути до крајот, сепак, дојдоа нови грижи. При 25:24, Мартин Поповски доби исклучување. Ударот на Лазаров заврши со одбрана на Комок, а потоа Украина израмни. За Македонија останаа нешто повеќе од 40 секунди за напад. На 8 секунди до крај имаше исклучување за ракометар на Украина, па силите беа израмнети.
Кирил Лазаров ја презеде одговорноста и реализираше во последната секунда за победа од 26:25 и први бодови за Македонија.

МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА 26:25 (13:10)
МАКЕДОНИЈА: Митревски (14 одб.,1 сед.), Ристовски, Манасков 6/9, Велковски, Стоилов 4/4, Лазаров 8/15, Талески 3/7, Маркоски, Кузмановски 1/2, Танкоски 1/1, Георгиевски 2/4, Крстевски, Поповски, Пешевски 1/3, Маџовски, Мишевски.
Седмерци: 3/4, Исклучувања: 6 мин.
УКРАИНА: Комок (11 одб.,1 сед.), Тереков, Буиненко, Акименко 4/5, Шевелев, Денисов 2/2, Дорошчук, Тилте 1/3, Хориха 1/5, Козакевич 2/3, Жук 3/4, Чичикало, Гурковски 3/3, Жуков 4/9, Остроушко 5/10, Илченко.
Седмерци: 4/5, Исклучувања: 14 мин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Манасков изјави дека клучот за поразот е многуте лесни топки кои ги добил противникот како и слабата реализација.

Манасков и Лазаров: Не ги реализиравме шансите, направивме многу грешки

Крилото на репрезентацијата на ракометната репрезентација на Македонија, Дејан Манасков,...

Македонија со голот во последна минута на Кире Лазаров успеа да ја победи селекцијата на Украина, но по поразот од Чешка во Виена македонските ракометари денес ги очекува нов предивик.

НАПРЕД НАШИ: Македонија денеска се соочува со домаќинот Австрија

Денеска во 18:15 часот македонските ракометари ќе се соочат со селекцијата на домаќинот...